Индустријата на превозници е зависна од технологијата

Bransys е македонскa компанија која работи на транспортен менаџмент, GPS следење, диспечинг, а со тоа и помали трошоци при организација на превозот и организирање на возниот парк. Станува збор за специјализиран сервис наменет пред се за компании кои имаат поголем број на возила, на кои им треба надворешен специjализиран сервис за организација. Компанијата успешно опстојува 7 години, а поради поголемиот обем на работа, отворени се канцеларии во Белград и Чикаго.

Сервисот е од полза за сите компании кои во сопственост имаат голем возен парк, велат од компанијата. Помеѓу индустриите кои ги таргетира Bransys спомнати се рударската, гредежната, јавниот превоз и такси услугите, како и сите компании кои се занимаваат со превоз на роба или патници. Односно, сите компании кои сакаат да ја знаат моменталната локација на нивните возила, што би им овозможило секој пат да го испраќаат возилото кое е најблиску до посакуваната дестинација.

„Индустријата на превозници во голем дел е зависна од технологијата, од причина што со системот за следење на флота возила единствено може да се има целосна контрола врз активностите како и врз трошоците за истата. Како што ние преферираме да објасниме – не можете да знаете колку добивате и колку губите од целата флота доколку не измерите. Па затоа fleet management системот овозможува да се одредат конкретни резултати и во секое време да се располага со мерливи вредности по многу параметри важни за транспортот“, вели Пандора Чушкова од Bransys.

Тимот зад Bransys исто така стои зад македонскиот одговор на Uber, односно зад мобилната апликација Claxi со која сакаат да понудат поинаков такси превоз. Claxi е „спин-оф“ од Bransys, или стартап сам по себе сега.

Bransys е основана 2008 година со седиште во Скопје и од тука работат на развојот и поддршката за својот софтвер и услуги. Компанијата веќе имаше успешно претставување и на CeBIT, а за оваа година е најавено нивното четврто учество на саемот. Оваа година ќе го презентираат AVL BA 5000 – уред за GPS следење со што ќе се комплетира вкупното решение за менаџмент со возен парк, вклучувајќи и Android апликација.

„Просторот за иновации во однос на технологијата е секогаш огромен. Во моментов доказ за тоа е и нашата Аndroid апликација за позиционирање на возачите и нивно пријавување на предефинирани рути. Оваа апликација ја одвојува Bransys како компанија од останатите конкуренти, поради надградбата на целиот систем која им ја овозможува на многу компании од областа на дистрибуцијата, логистиката и сл. Исто така нашите софтверски решенија за индустрии од типот на рударство, не прават лидери во однос на познавањето на пазарот и потребите на клиентите за нивната флота возила. Секако сите досегашни софтверски решенија се наша основа за понатамошен развој и иновации кои ќе не одвојат чекор напред“.

Покрај Bransys, постои и уште неколку компании кои се обидуваат да профитираат од превозниците. Еден од поинтересните нови стартапи е хрватско-македонскиот Fueloyal стартап кој направи паметно капаче за штедење на гориво, кои успеаја да победат на World Mobile Congress во Барселона. Нема сомнеж дека индустријата за превозници е одличен потенцијален пазар, но ќе треба иновативно решение за да се биде конкурентен.

2 коментари на “Индустријата на превозници е зависна од технологијата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии