Индустриите ќе се редизајнираат околу друштвеното

Зборувајќи за потенцијалот на рекламите на мрежата Закерберг вели дека за 5 години повеќето индустрии ќе се сконцентрираат кон друштвените интеракции користејќи го Social Graph. Според него, на веб има сервис за пребарување и продукти, но нема сервис за луѓето.

„На почетокот креиравме едноставни верзии на веб сервиси, пример немавме слики со висока резолуција како Flickr, но нашата верзија беше длабоко интегрирана во друштвеното. Токму таа друштвана можност остана поважна од сите други опции.“ вели Закерберг додавајќи:

„Друштвените игри беа првите кои стартуваа, има компани како PlayFish и Zynga кои вредат милијарди и се комплетно направени врз Facebook платформата… музиката, филмовите, телевизија, вести, сите во тек на 5 години ќе бидат редизајнирани и ќе има нови стартапи и нови бизниси.“

Интересно, Закерберг доби поддршка од ИT гуруто Тим О’Рајли за приватноста, дека се уште треба да се испрова начинот како корисниците сакаат да ги контролираат податоците.

„Треба да се гура кон границита, да се откријат каде се тие, и тогаш да се справиме со нив бидејќи ако поставиме правила пред да ги откриеме гранците ќе останеме во минатото.“, вели г. О’рајли:

Целото Web 2.0 самит интервју во кое Марк Закерберг зборува за новиот систем за пораки, друштвената интеракција и приватноста можете да го погледнете подолу.

4 коментари на “Индустриите ќе се редизајнираат околу друштвеното

  1. Секој коњушар си го фали својот коњ, па така и Цукерберг.
    Јас мислам дека претерува, и тоа многу. Неговиот insight е херметизиран и ограничен на неговата компанија, за која мислам дека е тука само привремено, можеби уште некоја година.
    Со губењето на неутралноста на интернетот, тој ќе биде поделен на сервиси и социјалните мрежи од општ опфат, каква што е Фејсбук, нема да можат да ги „прескокнат“ сите посебни стримови и сервиси.

    Коинцидентно, вчера, Accel Partners, досега најголемиот сопственик на акциите на Фејсбук, продаде огромен дел од своите акции, валуирани на околу 35млрд. долари. http://0.mk/0586
    Повеќе напишав во мојот блог: http://instantekspert.blogspot.com/2010/11/facebo

    1. google namesto da si brka rabotata kade bese najjak pocna na drugi polinja da se cacka – OS ( i toa 2 od koi Chromium epten win i android koj ke go zakopaat za brzo … ), proba da se tepa so twitter ( buzz ), so fb ( cekorese natamu so wave… ), go spasuva adobe ( loso spored mene deka MS vekje si vlegoa vo HTML5 seriozno i toa hrabro -IE9 ) a tie smisluvaat samo kako da go spsat pacientot adobe … Sega MS im vrakja so bing i toa jako im vrakja ( si sorabotuva so FB p.s. od kade e semantikata na FB da ne pravat od 0 nivna slucajno – ocekuvajte nivna integracija nabrzo!!! ), evropa se odluci za symbian i kako sekoja golema imperija koja vodela vojna na povekje od 1 front – IZGUBILA! Facebook ke si opstojuva ( si tera svoeto ), MS takodze :D, Apple isto taka, … samo favoritive moi mi se gubat!!!

      Kako i da e otupev so komentarov samo sakav da odgovoram deka FB NEMA GAJLE!

      1. Засега, нема гајле. Така беше и со MySpace, Friendster, и многу слични.
        Работата е во тоа што Google, па ако сакаш, дури и Microsoft, како јадрена дејност ја имаат самата основа на Интернетот, ткаенината од која е создаден.
        Facebook, како и сличните, зависат од мода, од моментот во кој се наоѓаме. Моментите не траат многу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии