Indie Game: The Movie – Конечно вистински филм за креативците зад видео игрите

Помеѓу номинираните филмови од Sundance Film Institute за 2012-та година во категоријата странски документарни филмови се најде и филмот Indie Game: the Movie. Филмот е дело на двајца канаѓани Џејмс Свирски и Лисен Пајот кои поминале една година следејќи ја работата на петмина независни креатори на видео игри.

Помеѓу останатото филмот ја следи работата на двајца пријатели Едмунд МекМилен и Томи Рефајнс кои работат на својата прва игра за Xbox Super Meat Boy, Фил Фиш и неговата работа на долгоочекуваната игра FEZ која е во изработка четири години и според информациите од режисерите филмот ја следи приказната и на една од највисоко рангираните видео игри Braid.  Филмот веќе има добиено повеќе добри критики помеѓу кои:

„Дизајнерите раскажуваат искрена приказна за нивните животи, инспирација и креативниот процес, потврдувајќи на начин на кој што неможе ниеден есеј или статија дека нивните дела се состадени со љубов и се уметност“ – Тhe Globe & Mail.

„Конечно постои филм за видео игри кој треба да го видат сите!“ – G4 TV

„Техничкиот аспект на креирањето на видео игри го замаглува креативниот процес и личната инвестиција кој се дел од креирањето на видео игри. Затоа Indie Game: the Movie е толку возбудлив“ – IFC

[youtube]YtBZ68Fx1Kw[/youtube]

Филмот многу повеќе го следи креативниот процес во текот на дизајнирањето на игрите отколку на техничките детали во процесот на креирање. Музиката за филмот е од Џим Гатри кој има работено и на видео играта Superbrothers: Sword&Sworcery EP.

Фестивалот Sundance ќе со оджи од 19 до 29 Јануари во повеќе градови во Јута.

[youtube]zskfq2xhiyE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии