ИТ Индекс: Time.mk – добро познатиот агрегатор на вести

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
01.07.2008

2. Од кого е основана компанијата:
Игор Трајковски

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Aгрегатор на вести.
Продажба на рекламен простор.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
1

5. Колку вработени сте сега?
Четири, плус практиканти

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Нудиме сервиси поврзани со вести и социјални мрежи.
Пребарување, рангирање, класифицирање.
Единствен продукт ни е продажба на рекламен простор.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Квалитетот на рангирањето на информациите.
Брзината на работа на сајтот.
Пионери во воведување на нови сервиси.
Едукативни содржини.
Поддршка на граѓански иницијативи.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Сите поголеми, а и голем број на помали, огласувачи во Република Македонија.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Изградба на згради за канцеларии кои споделуваат голем дел од инфраструктурата за раст на стартап компании, бесплатно или за симболичка цена.

10. Што ќе работи Time.mk во 2020 година?
Ќе агрегира секаков вид на дневно-политички и забавни информации, ќе нуди нивно пребарување,класифицирање и рангирање.

11. Споделете еден “fun fact” за вашата компанија.
Во последните 4 години имаме навремена наплата на фактурите од 100%.

Официјален сајт:
www.time.mk

Time.mk на друштвени канали:
FacebookTwitter

Посетете го профилот на Time.mk на ИТ Индекс.