ИТ Индекс: Musala Soft – софтверска компанија која гради следна генерација на ИТ решенија

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
2000 година во Софија, 2015 година во Скопје.

2. Од кого е основана компанијата?
Делјан Лилов (сега извршен директор на компанијата) ја имаше идејата за компанија со софтверски услуги и претходно искуство како софтвер инжинер и тим лидер. Потоа, Елена Маринова, со експертиза за бизнис. Станислав Овчаров (сега оперативен директор на компанијата) кој се приклучи на почетокот на отварањето со силна техничка експертиза и четвртиот сопственик е Ангел Денчев, кој се приклучи на тимот неколку години подоцна.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте?
 Да тргнеме од почетокот. Нашата првична замисла беше да создадеме мал тим кој ќе работи со стартап компании од Силиконската долина во САД. Во тоа време .com револуцијата беше во зенитот и големите инвеститори инвестираа големи пари во секторот. Еден од нашите први клиенти имаше канцеларија која повеќе наликуваше на вила покрај езерото Тахо, а другиот клиент се наоѓаше во Редвид, Калифорнија, веднаш до главните канцеларии на големите имиња. Животот беше прекрасен. Во период од една година, ентузиjастички ги преживеавме супер фенси и иновативните клиенти од Силиконската долина,.com падот, првото намалувањето на компанијата, проектот со покер играчот кој не спаси и не внесе во листата на сервисни добавувачи на IBM.

Успех и лекција бр.1: почнувајќи од ден 1 со „cutting edge“ клиенти преку океанот беше предизвик да научиме да работиме со дистрибуирани тимови, во различни временски зони, со часовник кој отчукува за остварување на резултати и инвеститори кои ги очекуваат тоа.

Успех и лекција бр.2: Кога, преку ноќ ги изгубивме нашите американски клиенти, по препорака на пријатели, дојдовме да идеја да направиме покер веб-сајт кога на времето, пред 15+ години постоеја само неколку. Користевме најнови технологии и доменско знаење од светски шампион во покер, кој остана една година со нас во нашата канцеларија во Софија. Покер веб-сајтот, за жал никогаш не се пушти во употреба поради губење на интерес од страната на клиентот. Мрежата на пријатели и среќата нè спасија, а и покрај нашето големото разочарување бидејќи производот не оживеа, сепак бевме среќни дека изградивме непроценлива техничка експертиза и одличен тим.

Успех и лекција бр.3: Во времето кога станавме покер експерти, IBM купи една мала норвешката компанија, со која ние соработувавме во тоа време. Big Blue тим дојде да не евалуира – тогаш бевме лоцирани во мал стан во Софија. Не беше серверската соба која беше во гардероберот на станот која ги импресионира или пак беше одлучувачка за да нè одберат за прва компанија-соработник од Бугарија (ветивме дека ќе се преселиме во „нормални“ простории). Беше тоа среќата и посветениот тим, техничката експертиза и визијата за равој и раст. Луѓето се секогаш клучен фактор, а се останато е последица.

И потоа, по првиот милион… се останато е историја.

4. Колку луѓе броше вашиот прв тим?
Можевме да ги избориме на една рака.

 5. Колку вработени сте сега ?
420 и уште растеме – совтвер програмери, QA инженери, инфраструктурни и DevOps специјалисти… нашата канцеларија во Скопје во моментот брои 100+ вработени.
Нашата цел е да бидеме 1.000+ во 2020 година, па според тоа привлекуваме нови клиенти и масовно вработуваме стручен ИТ кадар.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
 Мусала Софт нуди софтверски услуги. Тоа значи дека обезбедуваме софтверски решенија. Нашите сегашни проекти се во рамките на некои од најпредизвикувачките и најбрзо растечките ИТ трендови околу дигитална трансформација – „Cloud Integration, API Management, Augmented Intelligence, BigData, Digital Engagement, IoT, Industry 4.0“.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Ние градиме следна генерација на ИТ решенија за влијателни организации.
Ние користиме креативност и иновација со цел да испорачаме квалитет и вредност на нашите клиенти.
Ние веруваме во взаемна почит, инспирирана тимска работа и постојан развој.
И ние стоиме зад секој од овие изјави со нашата визија, силна пракса, континуирани процеси и реално искуство.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Врвни клиенти низ целиот свет не одбраа како нивни соработници и доверливи партнери кои се посветени на професионалност и квалитет. Дел од нашите клиенти се: во Телеком секторот – Deutsche Telekom, Telenor, Mobiltel, Vivakom, во областа на ИКТ – IBM, T-Systems, VMWare, SAP, Atos, cellent, Milestone, во финансискиот сектор – OTP групација, KBC, DZI, Commerzbank, Generali, Visa, во Владиниот сектор – Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија, Сообраќајна полиција и НРА Бугарија, Царинската управа на Холандија. Ние имаме значителни проекти и во автомобилската, здравствена и текстилна индустрија, индустријата за игри итн; за клиенти како што Telus Health, Telus International, Perkin Elmer, United Games Technologies, Phillip Morris, E.Miroglio, итн. Од неодамна, почнавме да работиме за еден од најголемите автмобилски производители во Германија.

 9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
 Постои една клучна област во која инвестицијата никогаш не е доволна, а враќањето на инвестицијата е секогаш големo – образование. Со недостаток на 4,5 милиони на ИТ професионалци во светот и околу 1 милион во ЕУ, кариера во ИТ е супер сигурен влог. Од друга страна, машините стануваат се попаметни и за жал сите ниско квалификувани работни места можеби ќе биде заменети. Тоа значи дека училиштата треба да воведат аналитичко размислување, креативност, иновации, лидерство, тимска работа – не е лесна задача, но оние кои ќе го постигнат ќе бидат многу успешни.
За да рефлектира моменталната и идната побарувачка и да се подготват студентите соодветно, компаниите и академските институции низ целиот свет и во секое место треба да работат рака под рака за да ја создадат идната ИТ генерација – тоа е причината зошто ние сме толку отворени за соработка со ФИНКИ уште од самиот почеток со нашето работење во Македонија. Еден чекор понатаму, владите кои мислат на перспективна иднина, треба да се привлечат и да ги охрабррат организациите кои ги покриваат минималните стандарди за плаќање даноци, обезбедување добри работни услови, но исто така – создавањето на производи и услуги со висока вредност. Звучи едноставно, но всушност бара визија, лидерство, конзистентност и многу практична работа.

 10. Што ќе работи Мусала Софт во 2020 година?
Ние ќе продолжиме со нашата цел од 25% годишен раст на приходите, проширување на нашиот тим до 1.000 вработени до 2020 година, и зајакнување на нашата позиција како водечки добавувачи на софтверски услуги од регионот. Македонија игра важна улога – ние планираме да го зголемиме двојно нашиот тим во 2017 година со вкупно 200 вработени во Скопје. Во 2017 година тимот во Скопје ќе биде целосно интегриран во сите наши корпоративни процеси и повеќето клучни проекти ќе бидат раководени од тука

10. Споделете еден „fun fact“ факт за вашата компанија.
Нашиот роденден е на 1-ви Април. Ова не е шега 😀

Официјален сајт:
www.musala.com

Мusala Soft на друштвени канали:
FacebookLinkedIn / YouTube

Посетете го профилот на Musala Soft на ИТ Индекс.

1 коментар на “ИТ Индекс: Musala Soft – софтверска компанија која гради следна генерација на ИТ решенија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии