ИТ Индекс: Emit Knowledge – компанијата која се фокусира на градење сопствени продукти и истражувања

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Emit Knowledge официјално беше регистрирана во 2012 година, но започнавме со работа дури на 12 октомври, 2013 година.

2. Од кого е основана компанијата?
Компанијата е основана од Марјан Николовски и Сашо Михајлов.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првата успешна продажба ја остваривме со CRM решение за едукативни центри за холандски пазар.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Првиот тим беше составен од самите основачи, односно броеше 2 члена.

5. Колку вработени сте сега?
Во овој момент тимот е составен од 3 члена.

Тимот на Emit Knowledge во добро расположение за првиот клиент на Envoice

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Emit Knowledge е компанија чиј фокус е кон градење на сопствени продукти и истражувања. Во овој момент сме насочени кон пласирање на нашиот последен производ Envoice – алатка за фактурирање и online наплата.
Од аспект на специјализација, одлични резултати имаме кај enterprise компаниите каде решаваме проблеми од различни вертикали како: имплементација на процеси за продажба, финансии, интеграции и телко.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Би било неблагодарно да се прави споредба, но би сакал да дадам до знаење кои сегменти ги адресираме за да сме конкурентни и квалитетни: внатрешни процеси на развој, инвестирање во сопствена развојна рамка, искуство од градење на сопствени производи кое ни помага да го пренесеме кај нашите клиенти.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Одлична соработка имаме со компаниите на европскиот пазар каде сме и фокусирани. Нашиот најдраг успех е испораката на технички решенија за компаниите Fokker и Enercon.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Повеќе инвестиции во производи и истражувања наспроти продажба на сирова работна сила.

10. Што ќе работи Emit Knowledge во 2020 година?
Целта ни е да отвориме истражувачки центар каде би се фокусирале на роботика и вештачка интелигенција. Паралелно, би работеле на нашиот производ Envoice.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Со нашиот прв продукт Emit Knowledge – социјалната мрежа, бевме толку возбудени што мислевме дека ќе го замениме Google на долг рок :)

Официјален сајт:
www.emitknowledge.com

Emit Knowledge на друштвени канали:
FacebookTwitter / LinkedIn

Посетете го профилот на Emit Knowledge на ИТ Индекс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии