ИТ Индекс: Adeva IT – македонската софтверска компанија чии продукти се пласираат на светскиот пазар

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
21.01.2015

2. Од кого е основана компанијата:
Катерина Трајчевска и Тошо Трајанов

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Изработка на онлајн продавница за уметнички фотографии, за швајцарски стартап. Она што беше најпредизвикувачкo при работата на овој проект беше наоѓање на соодветен начин за визуелизација на сите варијации на продуктот и негова имплементација. Резултатот беше уникатно корисничко искуство, со можност за преглед на саканата фотографија во 3d облик и нејзино визуелизирање во сопствената соба на корисникот.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
3

5. Колку вработени сте сега?
10

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Имплементираме прилично нов пристап за работење со девелопери, наречен “outstaffing”, преку кој ги минимизираме предизвиците со кои што се соочуваат компаниите при вработување технички кадар, а за вработените овозможуваме ултра креативна работна околина и поддршка во нивниот развој. Регрутирањето го правиме само преку технички лица, иплементираме културолошки подготовки кои што се многу важни при работа со странски клиенти и вложуваме во активности и алатки кои што ќе додадат вредност кон заедницата и техничкиот кадар кој што го вработуваме.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Воспоставуваме целосна транспарентност кон клиентите и девелоперите и сите детали за соработка ги договараме заедно. Процесот на вработување го прилагодуваме зависно од потребите на секој клиент поединечно, со цел да им обезбедиме тим кој покрај тоа што ќе го има соодветното искуство и вештини, ќе може лесно да се вклопи во културата на компанијата. Во однос на тоа што не прави различни од аспект на тимот, би рекле дека тоа е грижата и пријателскиот пристап. Покрај тоа што заедно работиме за да направиме одлична атмосфера која ќе поттикнува продуктивност, но и забава, секогаш се трудиме да направиме се што можеме за да им помогнеме на членовите на тимот да ги остварат своите лични цели.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Соработуваме со стартапи и мали софтверски компании од Европа и САД, чии активности и продукти се пласираат на светскиот пазар. Клиентите ги бираме внимателно затоа што сакаме да бидеме сигурни дека можеме да им донесеме долгорочнa корист и раст на нивната компанија, но и да им овозможиме на девелоперите работа на предизвикувачки проекти како дел од врвни стартапи.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Отпочнување на Tech Park, со цел поголема соработка меѓу стартапите, но и стартапите и зрелите компании, за разменување на ресурси и здружување на поголеми интернационални проекти. Во Македонија има голем број на иновативни, мали компании кои работат одлично, но не се моќни да опслужат големи проекти. Ваква структура би овозможила полесно формирање на сериозни организации, кои што со поделба на активностите и задачите, ќе се приклучат на иновативниот пристап на работа, а ќе работат и на позначајни проекти во нивната индустрија. Дополнително, би се олеснило формирањето на компании, со споделување ресурси во областа на административните и правни активности (се она што е исцрпувачко за стартапите кога почнуваат со работа), со што би можеле да стават фокус на примарните задачи.

10. Што ќе работи Adeva IT во 2020 година?
Во 2020 година, Адева ќе има хабови на 3 локации во Македонија и 1 канцеларија надвор од државата. Паралелно со овие хабови ќе се воспостави целосна структура на градење на комплетни ИТ кадри во нашата држава, преку која ќе се работи на исполнување на целите на секој девелопер на професионално, но и на персонално ниво. Идејата е покрај техничките вештини, да креираме развојна околина која што ќе создава нови таленти, ќе ги унапредува постоечките и ќе дава дополнителна вредност за соработка на проекти и поддршка на бизнис идеи.

11. Споделете еден “fun fact” за вашата компанија.
Јадеме бурито секој петок и чуваме златна рипка која се вика Немо, но нагалено ја викаме Ѓорѓи 😊

Официјален сајт:
www.adevait.com

Adeva IT на друштвени канали:
FacebookTwitter / LinkedIn / Google+

Посетете го профилот на Adeva IT на ИТ Индекс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии