ИТ индекс: Abix – софтверската компанија која своите производи успешно ги пласира на странските пазари

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1.​ ​Датум​ ​кога​ ​официјално​ ​започнавте​ ​со​ ​работа:
Abix е официјално основан на 22.09.2009. Славиме роденден месецов.

2.​ ​Од​ ​кого​ ​е​ ​основана​ ​компанијата?
Компанијата е основана од лично од мене, Боро Андоновски, без никакво вмешување на надворешен капитал.

3.​ ​Првиот​ ​производ​ ​или​ ​услуга​ ​која​ ​ја​ ​понудивте​ ​и​ ​успешно​ ​продадовте:
Првиот производ којшто се развиваше во Abix се вика EurekaLog.NET. Станува збор за развојна алатка за .NET, која што овозможува интегрирано репортирање на рушења на апликации, доставувајќи ги сите пропратни информации кои што можат да бидат причинители. Но, тоа беше проект кој што требаше да овозможи прилив што ќе го поддржи развојот во компанијата. Abix, во старт беше конципиран како компанија која што ќе се темели на Unix & FOSS принципите и концептите. Со таа иделогија на ум, како најприфатлива алтернатива во бизнис околината, се фокусиравме на Linux базирани решенија. Едно од најинтересните на старт беше iTab. Станува збор за уред којшто прикачен на гитара помага при изучување на свирење на гитара и секако, подоцна, при активно свирење. Следејќи ги трендовите, Abix бргу потоа се фокусираше на развој на мобилни апликации, со што листата на комплетирани проекти станува навистина импресивно голема.

4.​ ​Колку​ ​луѓе​ ​броеше​ ​вашиот​ ​првичен​ ​тим?
Стартот на Abix беше, сега веќе малку клише приказна, со еден човек со идеја во глава, работно биро во спална соба (добро, клишето е со гаража, но во тој момент спалната соба ми изгледаше како подобра и потопла идеја :) ) и голем број на непреспиени ноќи пред компјутер.

5.​ ​Колку​ ​вработени​ ​сте​ ​сега?
Во моментот на пишување, тимот на Abix е составен од 15 вработени, бројка која се дуплира доколку се земат предвид и редовните надворешни соработници. Во секој случај, тоа е динамичка бројка, која во моментов работиме да ја зголемиме, со отворени позиции за Go, Node.js, React, React Native и QA.

6.​ ​Кои​ ​се​ ​услугите​ ​и​ ​производите​ ​во​ ​кои​ ​специјализирате?
Од аспект на технологии, моментално сме фокусирани на iOS & Android native и React Native development, како и React.js со Node.js или Go за web development. Моментално работимe на проекти во домеинот на медиумите, cyber security и нешто што ќе го раздрма пазарот за недвижности за многу кратко време. Покрај тоа, пред 2 години Abix ја прошири дејноста со нова хоризонтала, постанувајќи Авторизиран Канон Партнер за Напредни канцелариски решенија, Печатачи со широк формат и Документ скенери. Оваа позиција ни овозможува да понудиме комплетни хардверски и софтверски решенија за документацијата во секоја компанија.

7.​ ​Што​ ​е​ ​тоа​ ​што​ ​мислите​ ​дека​ ​ве​ ​разликува​ ​од​ ​вашата​ ​конкуренција?
Искуството на тимот. Да, на ваков тип прашања најчесто се даваат одговори од типот на одговорност, сериозност, поузданост, почитување на рокови и флексибилност. Но, тоа не се реални предности пред конкуренцијата, тоа се барања за да се остане на пазарот. Тој е страшно компетитивен и без било која од тие вредности не се издржува на него. Искуството на тимот, специфичниот know-how и од аспект на познавање на технологии, но и техники за нивно имплементирање е она што е клучно да може да се пристапи на проектот сериозно, да се испочитуваат роковите и да се испорача професионална услуга.

8.​ ​Кои​ ​се​ ​клиентите​ ​со​ ​кои​ ​соработувате?
Abix редовно соработува со повеќе помали и поголеми компании низ целиот свет. Како најголеми клиенти, каде што може да се најде во функција код напишан во Abix би ги издвоил Deloitte, Tamedia, IKEA, FOSM, Morgans… Дополнително, со Канон проектите наши корисници се голем број на банки, нафтени компании, меѓународни организации, …

9.​ ​Што​ ​е​ ​тоа​ ​што​ ​би​ ​промениле​ ​на​ ​сегашната​ ​македонска​ ​ИКТ​ ​сцена​ ​ако​ ​имате неограничени​ ​ресурси?
Со неограничени ресурси би можеле многу работи да се променат многу брзо. Но, тоа е далеку од реалноста. Многу поинтересно е тоа што и со ограничените ресурси на располагање, најболниот дел од ИКТ сцената во Македонија, образованието, може да се поправи значително. Не е мал бројот на студенти со исклучително висок потенцијал, но тој мора навремено да се насочи и развива во права насока. Универзитетите се тие кои што мораат тоа да го направат пред студентите да дојдат на пракса или вработување во бизнис секторот. Динамичноста на индустријата е неоспорна, и факт е дека курикулумот мора да се се ажурира редовно и да се занимава со модерни технологии. Тоа, самото по себе, ќе го подигне и интересот и ентузијазмот на студентите, па резултатите би се мултиплицирале. Но, проблемот не е само со застареноста на материјалот. Основите се исти веќе долго време, но одговорно тврдам дека не се посветува доволно внимание ниту на нив. Abix се обидува да влијае на подигнување на образованието со својата инволвираност во beer.js. Но, тоа е тема за друга статија :)

10.​ ​Што​ ​ќе​ ​работи​ ​Abix​ ​во​ ​2020​ ​година?
Abix веќе имаше една авантура со сопствен производ, базиран во Амстердам, Холандија. Amuse Me TV беше streaming marketplace платформа која што беше развиена целосно од нас. Не го достигна максималниот потенцијал на пазарот, од аспект на видливост само затоа што производот беше целосно откупен и интегиран во друг систем за којшто веројатно сте чуле. Жалам, не смеам да кажам кој :) Веќе се работи на припрема на вториот производ, којшто е во сосема друга насока, и за којшто сум сигурен дека ќе се дигне голема врева. Јас сум сигурен дека ќе бидам еден од корисниците :) Овој пат, не планираме да го продадеме производот, туку да го развиваме пазарот целосно.

11.​ ​Споделете​ ​еден​ ​”fun​ ​fact”​ ​за​ ​Вашата​ ​компанија.
Имаме knock knock joke bot :)

Официјален сајт: 
http://abix.mk/

Abix на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn

Посетете го профилот на Abix на ИТ Индекс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии