Импресии, фотки и презентациите од првиот .мк Mobile Monday

„Претпоставувам дека немањето дискусија се должи на недоволната инволвираност на публиката за време на презентациите. Следните презентации ќе се потрудиме да бидат помалку еднострани.“, вели Стефан Трајковски од Web Factory кои заедно со New Media MK се организатори на настанот.

Следниот „мобилен понеделник“ е закажан за секој понеделник после први во месецот, што значи ќе видиме повеќе вакви собири и повеќе case study примери за успешни презентации.

„Case study примерите се важни од емпиричниот аспект. Се разбира, ќе има презентации/дебати кои ќе бидат стриктно технички. Ќе се обидеме да ги покриеме сите аспекти/теми од идеа па се до распространување на мобилни апликации и технологии.“, вели Стефан.

Подолу се фотографии од настанот (by @kuzevski) и презентациите од Владимир Радевски, ко-авторот на првата iPhone апликација за комуникација на Балканот – iBalkans, и Глигор Дачевски, автор на мулти платформската апликација SportyPal.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии