Имејл измама „олесни“ две ИКТ компании за 100 милиони долари

Би очекувале дека во техничките и напредни компании вработените не може да бидат измамени со имејл измама? Погрешно! Евалдас Римасаускас од Литванија со фишинг измама олесни две американски компании за 100 милиони долари, јави Engadget. Двете компании се одлучија да не го откријат својот идентитет.

Помеѓу 2013 и 2015 г. Римасаускас водеше лажна компанија од Литванија. Компанијата има исто име со азиски производител на хардвер. Потоа со помош на лажниот имејл успешно ги измами жртвите да испратат милиони долари до негови банкарски сметки во Кипар и Латвија. По ова, средствата веднаш ги препраќаше во повеќе други банки.

Г. Римасаускас е обвинет за кражба на идентитет, измама за трансфер на пари и перење пари. Казната за овие прекршоци е минимум 2 години затвор за кражба на идентитет и дополнителни 20 години за секој од двата други прекршоци.

Иако висината на казната е можеби најинтересниот дел од оваа приказна; најверојатно поуката е дека треба да бидеме постојано претпазливи онлајн. Дури и ИТ компании кои имаат познавања за онлајн измамите, понекогаш ќе се опуштат, а токму толку е доволно за измама „тешка“ неколку милиони долари.

Како за потсетување, МВР пред одредено време објави предупредување за сите македонски компании кои соработуваат со странство да бидат претпазливи токму од овие имејл измами.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии