Имате проблем со корупција? Prijavikorupcija.org може да ви помогне

Transparency International-Macedonia и Center for International Relations од Вашингтон стартуваат нов сајт Пријави корупција кој е алатка за едноставно пријавување на случаи на корупција бесплатно преку SMS пораки, имејл, преку веб апликација, по фиксен телефон или преку Twitter користејќи го хаш-тагот #korupcijaMK.

Prijavikorupcija.org е изграден врз Ushahidi платформата, која е прогласена како пионир на технологијата од WEF и која претходно се искористи за мапирање на бројни природни катастрофи ширум светот, но и за следење на неправилностите на македонскита парламентарни избори. Со Ushahidi, Пријавикорупција.org ќе може да ги собира сите случаи на корупции и на транспарентен начин да ги претстави статистиките на властите и на граѓаните.

„Проектот ја избра платформата на Ushahidi, бидејќи користи мапирање со кое транспарентно ќе може да се погледнат категориите загрозени со корупција на кој граѓаните најмногу се жалат, но и регионите каде што има најмногу проблеми во одредена област. Граѓаните и нивните лични информации се анонимни, платформата ги истакнува само областите и описот на случаи за кои што тие се жалат.“, објаснува Катерина Милеска од Transparency International.

„За запознавање на граѓаните со оваа платформа наскоро започнуваме со кампања, а досега има неколку пријави од граѓани кои пристапиле до овој веб портал случајно или преку мини кампањата која што е веќе започната на друштвените мрежи.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии