Имате прашања за претприемништво? Seavus организира програмa за технички стартапи

Seavus организира програма за технички стартапи кои се во рана фаза од развојот. Програмата трае осум недели, и во секоја недела ќе биде разгледувано различно прашање.

Ограничувањето е дека сепак Seavus бара технички стартапи за оваа програма. Програмата нуди интензивен развој на идејата; тренинг и менторство; меѓународни ментори кои ќе се вклучат во програмата; пристап до seed-фондови; простор за работа; и контакт со претприемачи со слични проблеми. Seavus и IME Programme ќе ги покријат сите трошоци на стартапите, па за заинтересираните учеството е бесплатно.

Темите кои се опфатени во „курсот“ се клучни за стартапите во рана фаза. Па така опфатени се: стратегија и бизнис модел; развој на тимот; маркетинг и бренд; продажба; финансии; кодирање и оптимизација. Во последнaта нeдела е предвидено учесниците да се претстават пред инвеститори.

Стартапите кои се најпожелни, иделно би работеле во некоја од следните области:

  • Интеренет на нештата
  • FinTech
  • Решенија за јавен превоз
  • здравствени апликации
  • е-Влада
  • Осигурување
  • Недвижности
  • Мобилно плаќање

Пријавувањето е отворено до 1 септември и заинтересираните може да се пријават тука. Програмата започнува на 16 септември и ќе се одржи во просториите на Seavus Incubator во Скопје.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии