Имаме уште неколку адути кои ќе ја променат играта, вели директорот на Apple, Тим Кук

Ние сме компанија за продукти, секогаш сме имале добри конкурентни, но секогаш сме биде подготвени да се бориме, вели директорот на Apple, Тим Кук, на конференцијата на AllThingsD.

„Денес нема ништо различно од тоа што го правев 15 години порано. Apple од секогаш имал конкуренција на која може да се фокусира. Но нашата Северна ѕвезда секогаш се враќа на тоа да правиме најдобри продукти и мислам дека го правиме тоа.“, вака г. Кук одговори на критиките дека Apple го губи пазарот.

На прашањето дали Apple има капацитет да претстави продукти кои ќе го променат пазарот, г. Кук кратко одговори дека „имаме уште неколку адути кои ќе ја променат играта“. Секако дека еден од тие адути е креирањето на паметен часовник преку кој ќе може да се користат апликации и да се прават повици, и кој нема да го засити пазарот на паметни телефони, туку ќе биде додаток на сите корисници опремени со iPhone, iPod и iPad. Но, кои се другите?

Г. Кук во своето оправдување дека Apple е на добро место на пазарот исто така испрати и критика кон паметните телефони кои не се паметни и кон Android таблет компјутерите.

„Глобално, има многу телефони кои се нарекуваат паметни телефони, кои вие и јас би ги нарекле само обични мобилни уреди. Мислам дека има некои уреди кои се купени и не се користат.“, вели тој. „Но, iPad-от има значителен процент во моето користење на компјутер… не го слушам тоа од корисниците на Android таблет компјутери“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии