iMac сега има Retina дисплеј со неверојатна 5K резолуција

Новиот 27-инчен iMac е со речиси идентичен изглед со актуелната верзија на iMac. Тоа што е ново е Retina дисплејот кој има 5K резолуција oд 5120х2800 пиксели, или 14,7 милиони пиксели. Ова е дури седум седум пати повеќе од Full HD резолуцијата од 1080р.

Не само што iMac со Retina 5K дисплеј е поубав однадвор, истовремено е и помоќен одвнатре, вели Apple. Новиот iMac има 3.5GHz четир-јадрен Intel Core i5 процесор со Turbo Boost до 3.9 GHz, и за прв пат може да се конфигурира со 4GHz четири јадрен Intel Core i7 процесот со Turbo Boost на 4,4GHz. Секој iMac со Retina 5K дисплеј доаѓа со AMD Radeon R9 M290X графичка карта или AMD Radeon R9 M295X, која овозможува до 3,5 терафлопи пресметкувачка моќ, и е најмоќната графичка карта досега понудена на iMac. Остатокот е стандарден за iMac: 1TB Fusion диск, 8 GB RAM, Thunderbolt 2 порти. Процесорите се Haswell, а за Broadwell ќе треба да се почека барем до следната генерација на iMac.

Новиоц iMac со Retina ќе работи на OS X Yosemite. Цената на основниот модел е 2.500 долари, а веќе е достапен во САД преку Apple Online Store.

[youtube]jZ5n6sxZyEQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии