Неодамна беше донесен Законот за аудиовизуелни медиумски услуги кој за среќа не ги опфати порталите и интернет телевизиите во првичниот предложен опсег. Законот во голем дел опфаќа усогласување со Директивата на Европската Унија за аудиовизуелни медиумски услуги, но во дел е осврнат на иден развој и следните чекори во телевизијата како „видео по барање“ (on demand) или интернет ТВ.

„Член 2, Целта на овој закон е во Република Македонија особено да се обезбеди… Техничко-технолошки развој на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, конвергенција со електронските комуникации и услугите на информатичко општество… Поттикнување и развој на конкуренцијата во аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и реемитувањето на програмски сервиси преку јавни електронски комуникациски мрежи…“

Настрана од критиките дека новите Закони за медиуми ќе цензурираат или дека ги правдаат финансирањата на селектираните медиуми преку владини реклами, тоа што е проблем за овие закони е што ќе се обидат да го регулираат медиумскиот простор во време на дигиталната транзиција. Традиционалната телевизијата изумира и полека, но сигурно ќе биде заменета со нова подобра интернет телевизија која на гледачите ќе им овозможи да ги гледаат содржините кои ги сакаат, кога ќе посакаат. Делови од законот се наменети за регулирање и дефинирање на услугите, но и можните последици кои сепак поради непостоењето на вакви медиуми е тешко да се предвидат, па во Законот се замени искуствата од државите членки на Европската Унија.

„Член 3, Алинеа 21
Телевизиско емитување e линеарна аудиовизуелна медиумска услуга која ја обезбедува радиодифузер со цел да овозможи истовремено гледање аудиовизуелни програми врз основа на однапред утврден хронолошки редослед на програмите (програмска шема).Телевизиското емитување особено вклучува дигитално телевизиско емитување, пренос во живо (live streaming), емитување преку веб (webcasting) или обезбедување на медиумска услуга приближна на видео по барање.“

Интернет телевизии во Македонија нема, па можеби е добра идеја да се остави времето да покаже на недостатоците кои можеби и ќе треба да се регулираат. За почеток не е лошо овие медиуми да се остават да функционираат целосно отворено за да можат да се изборат на пазарот, за да не дојдеме во ситуација во која телевизиите од надвор ќе бидат ви подобра позиција од интернет телевизиите кои се основани во Македонија. Иако уредниците на традиционалните телевизиите кои се подолго време застапени бараат да има исти правила за сите, факт е дека овие телевизии дваесетина години опстојуваат во „нерегулиран“ простор што им овозможи да опстојат. Поседувањето на камери со кои ќе се снимаат содржини и оставањето на рекламен простор, сепак не прави еден интернет медиум да може да се оквалификува како телевизија, што се чини дека или не им е баш најасно на дел од нив или намерно избираат ваков наивен пристап.

(BBC iPlayer е вистинска интернет телевизија која ја немаме во Македонија)

Најблиску до интернет телевизии во Македонија може да бидат Makedonija24.mk или Нова TВ, иако тие се поблиски до онлајн весник, отколку да телевизија. Вистина имаат камери и снимени содржини, но засега се далеку поблиски до Huffington Post кој што е одличен пример за тоа како треба да изгледа современ интернет портал кој објавува мултимедијални вести. На нашите интернет телвизии засега нема ниту филмови, ниту музика, а ниту серии кои во иднина можат да бидат проблем, па дури и конкуренција, затоа можеби подобар избор ќе беше да бидат изоставени од законот, а подоцна да бидат опфатени со негово дополнување.

Покрај плаќањето за пренос, проблем со кој се соочуваат интернет телевизии е контрола на содржините, односно одделување на содржините кои не се погодни под оддредена возраст. Дел од нив нудат опција за „родителски надзор“ и заклучување на содржините или предупредување пред истите да бидат емитувани. Секако кога станува збор за пренос не може да не биде спомнат и самиот пренос, традиционалните телевизии емитуваат во определени региони, но интернет телевизиите нудат можност за достапност низ целиот свет, без разлика дали станува збор за пренос до телевизори кои имаат можност за приклучување на интернет, десктоп и таблет компјутери, па дури и паметни телефони. Дел од интернет телевизиите се хостирани во држави каде што не постои регулација, што доведува до проблеми со правата за пренесување и секако до поголема конкуренција за македонските телевизии кои ќе бидат регулирани. Поради ова иако Членот 49 e усогласување со европската легислатива ќе предизвика конкуренција со која нема да можат да се изборат домашните телевизии. Единствено средство кое им останува на телевизиите е купување на правата за програмата, пред се филмови и серии во краток период по нивните премиери.

(Hulu.com е уште еден пример за интернет ТВ со содржина „on demand“)

Треба да биде јасно дека традиционалната телевизијата полека но сигурно ќе биде заменета со нова подобра интернет телевизија која на гледачите ќе им овозможува да ги гледаат содржините кои сакаат да ги следат кога ќе посакаат и преку кој уред сакаат. Но, можеби во Македонија каде немаме вакви телевизии, ниту имаме тренд да се гледа видео соджрина преку таблет компјутери, што е голем фактор во оваа ТВ еволуција, можеби треба да се остави целосно слободен простор во кој овие медиуми ќе се развијат и ќе бидат конкурентни. Конечно интернет телевизиите, па дури и самиот интернет ќе одземат дел од гледачите од традиционалните телевизии, единствено прашање е дали тоа ќе бидат домашни или телевизии од надвор. Доколку ова не е доволно предупредување можеби некој ќе треба да се размисли што ќе стане со националните телевизии доколку наскоро се појави телевизија која наеднаш ќе ги понуди сите епизоди од сите „турски серии“ и колкава ќе биде нивната гледаност во овој случај. Колку за пример BBC iPlayer е достапен од 2007 година, а законската регулација е предложена две години подоцна во 2009 година.

8 коментари на “Има закони, но дали ќе има и интернет телевизии во Македонија?

  1. Новите SmartTV преку нивните оперативни системи имаат можност за инсталација на овие апликации. Се плаќа месечно и може да се користат услугите и каок live TV и како video on demand. Така да поентата кајнас е што и да се направи ова не ќе може да конкурира. Бидејќи за илјада денари конкурира странски сервис кој е достапен и тоа неколку десетици стотици такви..

    Кај нас треба да се инвестира колку пари за колку публика ? Едно предградие на некој град на запад ?!

    Со која програма ќе се конкурира на странските сервиси. :)

  2. Ne. Ne si razbral.

    web.maxtv.mk i zulu.mk ne se televizii, tie se web aplikacii koi nudat usluga na reemituvanje na paket postojni televizii koi izvorno se emituvaat na nekoja druga platforma (vo ovoj slucaj na free-to-air platforma ).

    Ova e slicno kako na primer Telekabel sto reemituva odredeni televizii. Telekabel ne e televizija, telekabel samo nudi usluga na reemituvanje na paket od televizii.

    Znaci zboruvame za otvaranje na nova televizija/radio koja ke se emituva izvorno na internet (a ne da se reemituva na internet)

    Vidi gore sto si napisal vo objaveniot tekst:

    Телевизиското емитување особено вклучува дигитално телевизиско емитување, пренос во живо (live streaming), емитување преку веб (webcasting) или обезбедување на медиумска услуга приближна на видео по барање.

    Samo za tvoe informiranje "near-video-on demand" nema vrska so video-on-demand i vo EU se tretira kako linearna televiziska usluga (odnapred definirana programska shema).

    Povtorno – Ne e tolku ednostavno

  3. Која е целната група на традиционалните телевизии а која целна група имаат интернет телевизиите ??

    Иста е целната група. И двете се телевизии само се емитуваат преку различна платформа.

    Но сега сфаќам зошто не се разбираме. Очигледно си ги испомешал работите.

    Имено, ти под интернет телевизија всушност си подразбирал услуга видео по барање. Веднаш да ти појаснам дека услуга видео по барање не се смета за “линеарна телевизија“ туку се смета како т.н нелинеарна медиусмка услуга. Тие се сметаат за "Television like" !!

    Јас кога зборам за интернет телевизија, зборам за телевизија која има програмска шема (однапред дефиниран редослед на програми) како што има традиционалната телевизија, но со таа разлика што само се емитува преку интернет протокол.

    Кога зборам за оператор или интернет сервис провајдер мислам на субјект кој само ја хостира интернет телевизијата а уредувачката политика на интернет телевизијата ја има друг субјект.

    И да ти кажам и тоа дека како услуга видео по барање се сметаат и веб страни кои содржат видео содржини (на пример вести, одредени емисии, серии, документарци) и кои имаат реклами т.е имаат економски бенефит. Што значи во РМ има вакви услуги т.е не е точно дека нема.

    1. Ти зборуваш за сервиси како Zulu.mk и web.maxtv.mk. И искрено никому не му е гајле што тие сервиси пренесуваа традиционална телевизија преку друга платформа. Зборуваме за интернет телевизија која нуди каква сакаш содржина, кога сакаш. И таа телевизија има различна таргет група, нема потреба да објаснувам зошто. http://www.bbc.co.uk/news/business-25457001 http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_television#

  4. Многу површно ги прикажуваш/гледаш работиве во врска со медиумите.

    Медиумите не треба да се гледаат само од аспект на технологија или само од економски аспект.

    Како ќе биде доставена содржината до крајниот корисник, треба да се гледа од аспект на техничка неутралност.
    Важни се некои други работи (слобода на изразување, заштита на медиумите, одговорноста, правото на деманд итн….)

    1. Во прави си дека треба да се гледа пошироко кога зборуваме за тие конкретни закони и за медиумите, посебно во Македонија каде се е ставено на тенка линија. Но, ова е текст кој е посветен на темата за интернет телевизиите и технологијата околу нив.

      1. И јас за тоа зборувам.

        Зошто сметаш дека ТВ преку интернет е различна или дека треба да се гледа различно од ТВ преку кабелска? Во што е разликата? Различна е само платформата за дистрибуција а и двете имаат иста целна група.

        Одговори ми зошто за ТВ преку интернет да не важи истата заштита која ја ужува ТВ преку кабел (начелото слобода на медиуми).
        Имено, зошто ISP/ оператор кој хостира ТВ (за преку интернет) да има можност да го ограничува пристапот (вештачки да ја намалува брзината за пристап до неа т.е да прави тесно грло) или да филтрира кои IP адреси смеат/несмеат да пристапат ?

        Дали си сигурен дека ТВ преку интернет треба да бидат оставени на милост/немилост на операторот. Не сметаш ли дека треба да биде заштитена како традиционалните медиуми ??

        Младич, не е така едноставна работата како што ја преставуваш..

      2. Интернет и традиционалните телевизии немаат иста целна група, пример јас не гледам ТВ воопшто, но следам интернет ТВ бидејќи сакам содржина on demand, односно содржина која јас ја одбирам.

        Никој не спомена дека интернет ТВ не треба да има заштита и слобода. Се работи за ограничување на пристап за малолетни, што е опфатено со сегашниот Закон, и токму поради различната платформа на дистрибуција тој проблем треба да се подлабочи.

        И не знам зошто го мешаш „операторот“ и интернет телевизиите. Дали мислиш на „интернет оператор“ и што има врска тој со оваа тематика?

        И можеш да пројдеш без фрази како „младич“ ако сакаш да дискутираш.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии