Има време и за вас, повеќето стартапи се стартувани од луѓе постари од 30 години

Можеби креативноста доаѓа од помладите дигитални домородци „кои немаат хипотеки и фамилии, што би ги направило повнимателни, но искуството, контактите и градењето на капиталот доаѓа од постарите“, се вели во извештајот.

Токму искуството е една од поголемите причини зошто повозрасните стартуваат стартапи. Повеќето работат во некоја докажана фирма или во владина администрација каде се запознаваат со работата и од каде искуството ќе можат да го префрлат во стартап компанија која ќе може лесно да се справи со сите идни предизвици. Извештајот на GMA се однесува разни индустрии, но ако треба „свеж примерок“ од ИТ индустријата како пример може да послужи 45-годишниот Марк Пинкус кој ја стартуваше скоро 20-милијарди вредната Zynga пред 4 години.

Друго важно што доаѓа од постарите од 35 години се контактите. Постар претприемач дефинитивно има повеќе контакти од посериозни бизнис луѓе и инвеститори кои ќе му помогнат да го продолжи бизнисот. Тоа што е интересно е што GEM во својот извештај вели дека сега старосната група од 50+ години сега се запознаени со информациската и комуникациската технологија што им овозможува и тие да стартуваат стартапи од својот дом.

Сепак не треба да се заборави дека идејата е таа што го води бизнисот. Ако имате добра идеја воошто и не би било важно колку години имате. Можеби ако сте помлади ќе ви треба искуство како да ја реализирате таа идеја, но затоа тука се постарите.

Подолу е табела на возрасните групи наспроти возрасната популација, каде трите групи се поделени според нивото на економијата, започнувајќи од таа водена од потреба, водена од ефикасност и накрај, економија каде животниот стандард е доволно висок за да се размислува на иновација и нови продукти.

(via Business Insider)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии