Има се повеќе краудсорсинг проекти во Македонија, но граѓаните сè уште не се активни

Има двојно повеќе краудсорсинг проекти во Македонија во однос на минатата година, со над 20 активни проекти, вели Борис Ристовски кој го објави своето истражување на Engage.mk. Но, иако има повеќе проекти и се повеќе корисници дознаваат за концептите за краудсоурсинг и краудмапинг, сепак само 7 отсто од околу 964 испитаници се изјаснија дека учестувале во некој таков проект. Поголем дел од тие што биле активни, околу 55 отсто, учествуваат во проектите од алтруизам, односно за општо добро. Тие пак што не учествуваат во краудмапинг проекти велат дека или не го разбираат концептот или пак не сретнале таков проект во област на интерес.

„Вреди да се напомене дека поголемиот дел од краудсорсинг проектите се креирани и спроведувани од страна на граѓанските организации, додека пак компаниите заостануваат и се во фаза на први обиди за генерирање на проекти од ваков тип. За поздрав се обидите за краудсорсирање на партиска програма или пак дефинирање и избор на национален кириличен домен. Колку за споредба, во Исланд во 2012 година се случи за прв пат да се краудсорсира устав на држава, а пак на Oскарите, Оскар доби документарен филм кој беше финансиран преку краудфандинг проект.“, вели Борис.

Целата презентација за Краудмапингот во Македонија ќе може да ја погледнете подолу. А листата на македонските проекти ќе ја видите тука. За прашања околу истражувањето слободно пишeте му на Борис.

Краудмапинг во Македонија by Boris Ristovski

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии