Има една голема причина зошто стартапите успеваат, според Бил Грос

Што е најважно за еден стартап да прерасне во успешна компанија? Без сомненевање успехот на еден стартап зависи од од повеќе фактори, но сите успешни стартапи имаат една заедничка основа – тајмингот кога се основале, вели Бил Грос основач и инвеститор во стартапи, во својот TED говор. Во своето истражување г. Грос споредува пет фактори: идеа, тим, бизнис модел, средства и тајминг. По споредба на над 200 стартапи кои успеале и стартапи кои ветувале, но за жал пропаднале, 42 отсто од успешните стартапи имале идеја во вистинско време; a 32 отсто од успешните стартапи имале тим кој можел да се прилагоди на состојбите на пазарот.

Токму тајмингот е единствената разлика помеѓу Z.com и YouTube, вели г. Грос. „Првата платформа започна во 1999-2000 период без широкопојасен интернет и без кодек кој ќе го олесни гледањето на видео содржини, две години подоцна 50 отсто од САД имаше широкопојасен интернет, а Adobe со Flash го реши проблемот со кодекот и тогаш се појави YouTube во вистинско време, 15 години подоцна YouTube е еден од најпосетуваните сервиси, а Z.com пропадна“. Повеќе за стартапите и клучот за нивниот успех можете да видите од TED говорот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии