Има 6 милиони Android таблет компјутери, но не е доволно, вели Енди Рубин

Главниот за мобилната платформа на Google, Енди Рубив вели дека Android таблет компјутерите не се толку лоши, всушност ги има околу 6 милиони ширум светот од најразлични производители. Сепак, тој потенцираше дека „има“ но не и дека се продадени сите тие таблет компјутери. Споредено со конкуренцијата, а тоа е iPad, Apple има продадено 40 милиони парчиња до сега.

„Шест милиони е доста добро, но не се 30 милиони. Очигледно дека треба да стигнеме до таму“, вели г. Рубин.

Проблемот со Android таблет компјутерите беа што поголем дел од производителите избризаа со таблет уреди кои работат на Android 2.3 Gingerbread што е верзија оптимизирана за мобилни телефони, и во тоа брзање да се биде присутен на пазарот се претставија доста неквалитетни уреди. По објавувањето на Honeycomb, верзијата на Android оптимизирана за таблет компјутери, не видовме многу такви уреди бидејќи Google не го ослободи кодот и бараше уредите да имаат соодветни перформанси.

Меѓутоа иднината на Android таблет компјутерите сè уште има шанса да биде подобра. Денес беше претставен Ice Cream Sandwich или Android 4.0 кој е верзија на оперативниот систем направена и за мобилни и за таблет компјутери што би требало да се справи со фрагментацијата на пазарот и да им обезбеди на програмерите да креираат апликации за еден оперативен систем кој ќе биде на сите уреди, што може да ја подобри ситуацијата.

Според г. Рубин, „Ice Cream Sandwich е најдоброто што сме го направиле до сега“.

(via AllThingsD)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии