Има 3 милијарди интернет корисници!

Бројот на интернет корисници во светот за прв пат ја надмина бројката од 3 милијарди, јави агенцијата при Обединетите Нации – Меѓународна телекомуникациска унија (ITU) во извештајот за ноември 2014 година. За жал 90 отсто од неповрзаните корисници доаѓаат од најсиромашните држави и региони на кои можеби Интернет им е и најмногу потребен, без разлика дали станува збор за подобро образовани, пристап до лекар или едноставно информации.

Глобалниот пораст на користењето на Интернет е 6,6 отсто од кој 8,7 во развиените држави, а 3,3 отсто во државите во развој. Извештајот покажува дека две третини од интернет корисниците живеат во развиените држави. Планот на ITU е до 2020 година да се приклучат нови 1,5 милијарди корисници.

Иако станува збор за огромен исчекор кон иднината, сè уште сме далеку од идејата на Google, Facebook или Илон Маск за целосна покриеност. За жал без пристап до Интернет остануваат 4,3 милијарди луѓе. Сепак со посветеноста на најголемиот број на технички гиганти, како и инвестирање и развој на нови технологии на пример: идеите за ниско орбитирачки сателити, користење на беспилотни летала и балони за пренос на Интернет може да се надеваме дака наскоро навистина ќе имаме 100 отсто на покриеност, па сите ќе можат да уживаат во мемињата и мачките.

1 коментар на “Има 3 милијарди интернет корисници!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии