Tим Бернерс-Ли јавно го поддржа Едвард Сноуден бидејќи го штител отворениот Веб

Креаторот на World Wide Web, Сир Тим Бернерс-Ли, отворено застана зад изворот на доверливите документи од NSA, Едвард Сноуден, нарекувајќи го „исклучително важен дел од системот“ во својот говор за отвореноста и безбедноста на Интернет. Интервјуто го даде на BBC Radio 4 Today, по повод 25 годишнината на Интернет во 2014 година.

„Имам надеж за иднината, до крајот на следната година ќе имаме далеку понормална ситуација, каде јавноста ќе биде во баланс со Владите. Ќе дојдеме до договор во кој правата на владите ќе бидат јасно дефинирани и јавноста ќе биде задоволна со нив.“

Иако таткото на World Wide Web вели дека активностите кои ги превзема Едвард Сноуден се криминални, алтернативата е уште полоша. Поради ова ќе треба да се направи меѓународна листа по која ќе се согледува дали г. Сноуден или некој друг во иднина можел да превземе и некој други чекори.

„Без сомневање е доколку г. Сноуден се обидел да оди по легалните канали, тој повторно ќе бил затворен, а податоците кои ги изнесе ќе останеа скриени. Токму затоа разговорот и споделување на податоците со новинарите е единствен избор кој воопшто му бил оставен“, вели Тим Бернерс-Ли.

[youtube]3YcZ3Zqk0a8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии