Илустрација – моќ во сенка

Милош Ристоски

во Дизајн

Ова е гостински текст од агенцијата за маркетинг и адвертајзинг squareONE, кој е дел од IT.mk серијалот тeкстови на тема маркетинг и дигитални медиуми.


Илустрацијата е метод на комуникација преку слики, односно таа претставува визуелна комуникација, без разлика дали тоа е приказна, порака или чувство. Илустрациите ги стимулираат сетилата и поттикнуваат различни емоционални реакции. Со нејзина употреба можете да ја инспирирате и збогатите имагинацијата, можете да покажете нови или различни начини на гледање и размислување за нештата и да промовирате слободно размислување и имагинативна мисла. Таа е вистински избор кога сакате да покажете нови светови со оригинални приказни и карактери.

Сигурни сме дека сте го забележале овој се повеќе присутен тренд на користење на илустрацијата досега. Во зависност од индивидуалната перцепција, овие цртежи за многумина се забавни или чудни и безлични.

Меѓутоа без оглед на различните ставови, едно е сигурно: илустрациите се насекаде. Во последната година овој тренд целосно ги презема визуелните идентитети на многу брендови.

Многумина од вас се прашуваат – како се случи тоа? Зошто има толку многу слични илустрации на толку различни веб-страни? Како толку многу брендови случајно се решија да го користат овој стил во исто време?

Всушност, има голем број на практични причини зошто овие илустрации станаа популарни.

Пред се, истите се навистина репрезентативни – преку нив брендовите можат да ги прикажат луѓето користејќи ги сите облици, бои и големини, што е предност за социјално ориентираните брендови кои сакаат да бидат сигурни дека се инклузивни за сите луѓе и заедници.

Веруваме дека првата асоцијација на ваков тренд веќе ја забележавте како пример на креативните илустрации на социјалната мрежа Facebook која своите огласи за работа ги дизајнира токму по овој пример.

Илустрациите се и флексибилен начин на интерпретација – тие секогаш се помошно средство за да се претстават сложените и апстрактните идеи на чист и едноставен начин. На овој начин илустрациите го зголемуваат визуелниот интерес преку отсликување на тонот на нарација кој овозможува информациите да бидат полесно процесирани преку визуелните индиции. Голем број од компаниите за развој на софтверски решенија го користат токму овој начин на презентација на преференците на сложените техничките решенија на нивните производи.

Уникатноста е дополнителен карактеристичен епитет кога станува збор за користење на илустрациите во вашиот брендинг, тие се полни со приказна што го прави вашиот бренд пријателски и лесно достапен до крајните потрошувачи. Понекогаш е потребно вашата фантазија да биде граница, а не буџетот или практичната логистика за тоа што можете да снимате, каде и како.
Едноставната убавина на илустрацијата е тоа што можете да прикажете буквално сè што сакате.

Футуристичките, надреалните или фантастичните сцени се можни со фотографија во теорија, но би можеле да чинат мало богатство. Ако е важен одреден степен на реализам, разгледајте ја средната основа на фотомонтажната илустрација или колаж, каде активата на акции може да биде непроценлива. На овој начин, нема да постојат граници за тоа каков свет може да создадете.

Сепак, кога станува збор за трендовите во дизајнот, секогаш има потенцијални предизвици доколку се решите за употреба на овој тренд без притоа да направите соодветно истражување. Речиси никогаш не е добра идеја да го промените целиот бренд преку ноќ само затоа што „сите други го прават тоа“.

Внимавајте, илустрации не секогаш одговараат на духот на вашиот бренд. Оттука истите не мора да бидат најавтентичен начин за позиционирање на вашата компанија и бренд до целната публика. Не заборавајте, дека додека илустрацијата може да има моќ вашиот бренд да се карактеризира како повеќе пријателски, вистинските фотографии на реалните луѓе и форми можат подеднакво да бидат моќни и прагматични на свој начин.

Во крајна линија вашата одговорност лежи во соодветното внимание во откривање што најдобро го одразува вашиот конкретен бренд, индустрија и клиенти.
На крајот, нема вистински доказ дека било кој тренд на дизајн, без оглед дали се илустрации, сопствени фотографии, па дури и 3Д-слики е добар или лош за вашиот бренд идентитет.
Понекогаш, природата на идејата или концептот што ќе се обидете да го пренесете, ќе утврди дали илустрацијата е најдобриот пат на дејствување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии