Илон Маск вети дека во Јужна Австралија ќе дизајнираат и креираат батериски систем од 100 MW. Кога ќе биде изграден, системот ќе биде најголем во светот.

Image courtesy of Tesla
Ако овој предизвик не доволен, г. Маск се обложи дека системот ќе биде завршен за 100 дена. Ако системот не биде функционален на 1 декември оваа година, системот ќе биде бесплатен. Процените се дека целиот систем чини околу 50 милиони долари. Датата за пуштање на постројката г.Маск ја објави уште во март.
Сепак, Tesla работи на оваа батерија уште од април. Во моментов батерискиот систем во постројката е на 50 од 100 MW, јави Mashable. Со пуштање на постројката, електричната мрежа на 30.000 семејсттва во Јужна Австралија ќе биде стабилизирана.

Image courtesy of Tesla
Батеријата ќе работи како резерва. Во случаите кога мрежата нема да може да ги исполни потребите на потрошувачите, ќе се активира батеријата и ќе ја надополни од резервите.
Летото во Австралија е период во кој електричната енергија најмногу се троши. Со капацитет од 100 MW батеријата треба да помогне со елиминирање на прекините во снабдувањето со електрична енергија.







