Илон Маск: Тестовите за првата ракета која ќе лета до Марс започнуваат следната година

Најверојатно веќе никој не е изненаден од изјавите на Илон Маск. Можеби поради ова помалку се сомневаме во временскиот период кој го најавува, но никако и во определбата.

„Во моментов го градиме првиот брод или меѓупланетарен брод. Најверојатно ќе бидеме подготвени за куси летови, куси полетувања и слетување, во првата половина на следната година“, вели г. Маск.

Г.Маск на SXSW објави дека првите тестови на ракетата која ќе лета до Марс започнуваат во 2019 година. Ова се први тестови на ракетата, а вистинските тестови со товар ќе започнат многу подоцна. Името на ракетата е Big Falcon Rocket или скратено BFR.

Кога е во прашање првото слетување, засега периодот е непроменет. Првата ракета со товар која ќе слета на Марс треба ова да го направи до 2022 година. Ова ќе бидат првите мисии и со нив ќе се испраќа потребниот товар на Марс. Конечно, колонијата на Марс во некој период мора да стане самоодржлива.

Целта на Space X e човештвото да се распространи на повеќе планети. Но, сонот на г. Маск не завршува тука. Иако вели дека нема политички амбиции, сепак објави дел од неговите размислувања за системот на управување на новоколонизираните планети.

„Можеби ќе бидат потребни 60% од гласовите за да се донесе некој закон, но било кој процент над 40 да биде доволен за да се отстрани законот. Треба да биде полесно да се укине некој закон отколку да се донесе“, додава г. Маск.

Ако не сонувате да станете астронаут, а сепак сакате да се преселите на Марс, не очајувајте. Г. Маск додава дека на новата планета ќе бидат потребни сите профили, од ковачи до пица мајстори.

„Сакате да се разбудите и да верувате дека иднината ќе биде одлична – токму ова е она што вселенската цивилизација го претставува. Верба во иднината и уверување дека иднината ќе биде подобра од минатото. Не можам да замислам ништо повозбудливо од одењето таму и од живеењето помеѓу ѕвездите“.

1 коментар на “Илон Маск: Тестовите за првата ракета која ќе лета до Марс започнуваат следната година

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии