Илон Маск сака „Вселенски интернет“; а Google ќе помогне со проектот од 10 милијарди долари

Од основачот на SpaceX и директор на Tesla Motors, Илон Маск, се очекува да биде следниот голем иноватор. Но, тој не само што ги надминува очекувањата со неговите проекти кои засега успеваат, како комерцијални летови во Вселената и евтини електрични возила, туку г. Маск се труди да биде понапред од сите во концептуализирање на иднината. Тој сака да креира вселенски интернет кој би бил достапен на Марс, за чиј развој би требало над 10 милијарди долари. Г.Маск ова го обелодени за Bloomberg.

„Во иднина ќе биде важно и Марс да има глобална комуникациска мрежа, мислам дека ова мора да биде направено, а не гледам дека некој друг го прави“, вели г.Маск.

Планот на г.Маск за сеге сепак се однесува на целосно покривање на Земјата. Идејата е лансирање на стотици сателити во геосинхрона орбита на 1.200 километри над земјата, што е далеку поблиску од традиционалните сателите. Ниско-орбитирачките сателити би го намалиле проблемот со доцнењето на сигналите кое предизвикува лош финален продукт за корисниците. Вака креираната мрежа според г.Маск би била конкурентна со оптичкиот интернет.

„Фокусирани сме на креирање на глобален комуникациски систем кој ќе биде поголем од се што сме разгледувале досега“.

Дека станува збор за интересен проект покажува и фактот дека Google е во финални преговори за инвестирање во овој проект на SpaceX. Сепак потребните финансии би биле над 10 милијарди долари, па покрај Google се бараат и други партнери, извести Informer.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии