Илон Маск сака да го колонизира Марс, но признава дека не е едноставно

во Свет

Илон Маск, основачот на SpaceX и вистинскиот Tони Старк, предупредува дека доколку сакаме да го заштитиме човештвото мора да креирама одржлива колонија на Марс, која ќе може да опслужува еден милион жители. Со оглед на тоа дека SpaceX е компанија која размислува за комерцијални летови во Вселената, и веќе две години е партнер на Американската вселенска агенција (NASA), можно е токму неговата компанијата во подалечна иднина да ги носи првите колонисти на Марс.

„Дури и со милион колонисти ќе мора да претпоставите неверојатна продуктивност од сите, бидејќе треба да рекреирате целосна индустриска база на Марс. Ќе треба да се ископаат и рафинираат различни материјали, во околина која е многу потешка за работа отколку Земјата. Нема дрвја. Природно нема кислород и азот. Нема нафта“, вели г.Маск, во интервју за Aeon.

Иако колонизацијата на Марс е оставена на иднината, не станува збор за предалечна иднина. До 2040 година би можеле да имаме база на Марс со илјадници ако не и десетици илјадници луѓе. До 2040 година SpaceX ќе постои трипати повеќе колку досега. Дури и со линеарен развој на технологијата, би можеле да имаме база со значителна големина, вели г. Маск во интервјуто.

Што се однесува до базата со милион жители таа би можела да стане реалност за 100 години, предвидува г.Маск.

„Исклучувајќи го природниот прираст на Марс, доколку може да се префрлаат по 100 луѓе со еден лет, ќе бидат потребни 10.000 летови за да испратиме милион луѓе. Но, ќе треба и опрема за поддршка на овие луѓе, всушност односот помеѓу луѓето и товарот ќе биде прилично голем. Најверојатно ќе бидат потребни 10 карго лета за еден лет со луѓе, значи уште 100.000 летови и тоа 100.000 летови со огромен вселенски брод.“

Сепак кога станува збор за поблиските планови, втората компанија на г. Маск, Tesla Motors за 9 октомври најавува нов автомобил и уште едно изненадување.

[youtube]prqwmzGMBt4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments