Илон Маск со ново изненадување, Neuralink ќе истражува како да ги спои луѓето со машините

Неодaмна Илон Маск повика на пронаоѓање на поефикасен начин на комуникација помеѓу луѓето и машините. Тогаш отиде и чекор понатаму и објасни дека: „Луѓето или ќе станат киборзи или ќе бидат нерелевантни“.

Сега г. Маск инвестира во стартапот Neuralink кој работи токму на оваа технологија. Нејасно е дали г. Маск инвестираше во компанијата пo споменатата изјава или пред тоа. Технологијата треба да обезбеди побрза комуникација помеѓу луѓето и машините.

„Во периодот кој ќе следува верувам дека ќе забележиме поблизок спој на биолошката и дигиталната интелигенција. Главно станува збор за брзината на размена на податоци помеѓу биолошкиот и дигиталниот мозок“.

Стартапот Neuralink е во многу рана фаза. Досега компанијата нема ниту една јавна презентација. До пред пишувањето на Wall Street Journal, ретко кој знаеше за компанијата. Конечната цел е да се креира парче хардвер, кое потоа може да имплантира во човекот. Потоа преку проток на податоците луѓето и машините ќе бидат многу поефикасно споени.

Компанијата е основана како медицински стартап во Калифорнија пред помалку од една година, вели Verge. Веќе има неколку компании кои работат на слична технологија, па изгледа дека само прашање на време е пред да бидат откриени тајните на мозокот.

Иако во куп научно-фантастични филмови како Матрикс, Star Trek или Џони Мнемоник сме виделе како функционира технологијата, во реалноста ова сè уште не постои. Ова секако е разбирливо, дури и денес огромен дел од функционирањето на мозокот е делумна мистерија. Ризикот од операции на главата сè уште е многу висок. Дури и начинот на кој невроните комуницираат со помош на електрични импулси е мистерија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии