Илон Маск: Луѓето или ќе станат киборзи или ќе бидат нерелевантни

Основачот на Tesla и Space X смета дека луѓето во иднина би требало да бидат киборзи. Ако помисливте на вештачки раце или подобар вид, ова не е првата работа која ја говори г. Маск. Неговиот план треба на луѓето да им овозможува директна комуникација со машините.

„Во иднина најверојатно ќе бидеме сведоци на поблизок спој на биолошката и дигиталната интелигенција.“, вели г. Маск на World Government Summit во Дубаи. „Најважна е брзината на поврзувањето на вашиот мозок со дигиталната верзија.“, пренесе CNBC.

За споредба компјутерите помеѓу себе комуницираат со трилиони бити во секунда. Луѓето најчесто преку пишување ги внесуваат овие податоци и тоа во најдобар случај се 10 бити во секунда. Со поврзување на мозокот и машините преку интерфејс луѓето ќе продолжат да бидат релевантни и во иднина, објаснува г. Маск.

Додаде и дека вештачката интелигенција е наголемата опасност за работните места. За ова г. Маск зборуваше преку примерот на Tesla кои работат на вештачка интелигенција за возење. Компанијата најави дека најголем дел од возачите во следните 20 години ќе бидат заменети. Поради ова глобалната невработеност ќе порасне на 12 до 15%.

„Најголемо влијание во поблиска иднина ќе имаат автономните возила. Ова ќе се случи многу побрзо отколку што луѓето претпоставуваат и ќе биде многу практично.

Но има многу луѓе чија работа е да возат. Мислам дека оваа гранка е најголем вработувач. Возење во различи облици. Затоа мора да пронајдеме нова улога за луѓето, што ќе работат. Ова мора да биде дисруптивно и многу брзо.“, додава г. Маск.

Неодамна основачот на Tesla објави дека е поддржувач на идејата за универзален приход.

„Најверојатно ќе завршиме со универзални приходи за сите, или нешто слично поради автоматизацијата. Не знам што друго би можеле да направиме… Луѓето ќе имаат време за друга работа, за правење покомплексни и поинтересни работи. Секако ќе имаат повеќе време за одмор.“

1 коментар на “Илон Маск: Луѓето или ќе станат киборзи или ќе бидат нерелевантни

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии