Илон Маск ќе се „плетка“ и со образованието?

Дејан Соколоски

во Свет

По вселената и транспортот Илон Маск ќе се обиде да го освои и образованието.

Ad Astra е засега мал проект во кој учесниците работат на пламенофрлач и роботи, а сепак имаат време и за да поиграат. Причината за играњето е што сите учесници во овој проект имаат 10 години.

Не станува збор за некој супер експеримент, Ad Astra всушност е училиште направено за децата на вработените во Space X. Колкава доверба има г. Маск во ова училиште покажува со тоа што неговите пет деца се запишани во ова училиште.

Иднината на Ad Astra е нејасна. Дали Илон Маск ќе пронајде дополнителен интерес да го одржува училиштето откако ќе завршат неговите деца. „Не гледам дела училиштата го прават она што јас сметам дека треба да биде направено“, изјави г. Маск во 2015.

Ќе биде навистина интересно да се види иднината на Ad Astra и тоа од повеќе причини. Правата и најверојатно најинтересна е да видиме колку е напредно образованието во оваа институција. Секако ќе биде интересно и да се види дали може да покрие дел од потребите на компанијата. Секако со само 40 ученици вториов дел ќе биде исклучително тешко остварлив.

Она што би можело да се случи во иднина е Ad Astra да прерасне во елитно училиште за инженери во кое ќе се пренесуваат искуствата од Tesla и од Space X.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии