Илон Маск го претстави Neuralink

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Neuralink е компанија која развива технологија која треба да придонесе за следната генерација на интерфејс помеѓу луѓето и машините. Досега немаше премногу податоци за компанијата и веројатно е најпозната поради инвестицијата од 100 милиони долари на Илон Маск.

Сепак од оваа недела имаме малку повеќе податоци за работата и плановите на Neuralink. Идејата е со помош на робот да се имплантираат ултра-тенки електроди во мозокот и со помош на овие електроди во иднина ќе може да се пишува и да се чита директно од и во мозокот. Овие електроди понатаму ќе е поврзат на процесор кој ќе биде поставен на черепот. Процесорот ќе ги прибира и обработува податоците од електродите. Компанијата дури и најави дека веќе во второто тримесечје следната година планираат да ги започнат првите тестови со луѓе.

На презентацијата на технологијата Neuralink покажа систем со кој отчитуваше податоци од 1 500 електроди вгнездени во лабораториски глушец. Секако самото читање на овие податоци не ги надминува сите проблеми. Потребно е декодирање на овие сигнали, а дел од експертите предупредуваат дека има огромна разлика помеѓу работа на луѓе и лабораториски животни.

Со имплантирање на овие електроди луѓето ќе можат директно да се поврзуваат со машините, во овој случај тоа секако ќе биде компјутер и вештачка интелигенција. Ова според мислењето на Илон Маск ќе им помогне на луѓето да останат конкурентни иако вештачката интелигенција ќе биде значително поразвиена.

Овој план за поврзување на луѓето со машините и вештачката интелигенција, секако е за некоја подалечна иднина. Она што е веројатно првата примена, е помош за луѓето кои имаат повреди на екстремитетите, или користат робо-протези на место на екстремитетите. Во моментов податоците се отчитуваат од нервни завршетоци во непосредна близина на ампутацијата. Во иднина можеби ќе се развие решение со кое ќе може да се управува со работата со сигнали кои доаѓаат директно од мозокот. Засега оваа технологија е во фаза на развој и тестирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии