Фантастичниот Оatmeal го убеди Илон Маск дa донира 1 милиони долари за Mузејот на Тесла

Метју Oatmeal Инман е познат автор на интернет стрипови, кој сега доби култен статус на човек кој успеа со помош на Интернетот да го креира Музејот на Тесла, и да го натера основачот на Tesla Motors, Илон Маск, да донира еден милион долари за негова изградба.

Се започна со желбата на Oatmeal да го купи и зачува земјиштето каде се наоѓаше лабораторијата на Никола Тесла. Проектот започна со Indiegogo краудфандинг кампања со која се собраа околу 1,4 милиони долари од разни донори од 100 земји за „Goddamn Tesla Museum“.

Но, тие пари само го спасија музејот, не беа доволни и да го изградат, па Oatmeal додека го рецензираше Tesla Model S, или како што тој го нарекува „електричното магично возило“, дојде до идеја да го повика Илон Маск да донира пари. Oatmeal аргументираше дека Илон Маск изгради компанија со технологија на Тесла, за која не плаќа патенри, и го користи името Tesla за што исто така не плаќа. Според таа логика г. Маск му должи на големиот изумител да му го спаси музејот. Два месеци подоцна, основачот на Tesla Motors се согласи да стави полнач за електрични возила на локацијата и да донира 2 милиони долари. На кратко, сите се победници и тоа токму на 158-от роденден на Никола Тесла.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии