Македонската Twitter заедница не може да престане да твита за новиот рингишпил кој беше поставен на плоштадот Македонија, веднаш до новата зграда на Македонски Телеком. Во моментов има над 1.200 твитови што го содржат зборот „рингишпил“. Има помал број твитови за „вртелешка“. Револтот кој ги предизвика саркастичните коментари се парите – 160.000 евра – кои се дадени за рингишпилот, фининсиран од ЈП „Парк и Зеленило“. Твитерџиите исто така најмногу ја критикуваат невкусноста дека се редат постојано споменици и знаменитости на плоштадот кој полека се стеснува. Како и секогаш, повеќето од твитовите се апсолутно креативни и забавни, како да сакаат твитерџиите со сарказмот со суптилно политички коментар да ги заменат вулгарните политички препукувања. Но, не на секој му е до смеење. Еве дел од тие што не изнасмеаја, и тие што не замислија.
#Рингишпил – совршен споменик на напредокот на Македонија во последните неколку години – цело време се движи, а сепак не мрда од место
— Marina (@nmandarina) April 15, 2013
“Ќе се навикнат и на ова!” – рекоа The Elders и го поставија #рингишпил-от.#КраткаХорорПриказна
— Goran Gjero (@GGjero) April 15, 2013
Уште сега ми е сликата во глава- #Ж со камшик ги дресира лавовите под кале. Коце наплаќа на #рингишпил…
— Mimo (@Miroslav107) April 15, 2013
Се јавија од Дизниленд. They want their stuff back #рингишпил
— Коз Ле Бозле (@TomssonB) April 15, 2013
како покрив/шатор за #рингишпил може twitter.com/ginalynx/statu…
— Gina (@ginalynx) April 15, 2013
Ако не ги пуштат пензионерите на рингишпил гага во вторник и петок, стварно не се луѓе.
— Боби (@BatmanSaysT) April 15, 2013
Да не е власта ваква каква што е, нема да има за што да се твита!#ж #рингишпил #власт #Споменик #Скопје2014 #Остваруваме
— Gordon Bennett (@principe984) April 15, 2013
Интересна ми е кратката меморија.#Рингишпил-от беше најавен(види линк).Имавме време да се побуниме.Сега честито вожња bit.ly/14p8BRX
— Ines Efremova (@Inna_E) April 15, 2013