Илјадници стартапи, заедно со Netflix, Google и Facebook, против најавеното укинување на интернет неутралноста

Facebook и Google, поддржани од илјадници стартапи, заеднички ќе се спротивстават на плановите за укинување на интернет неутралноста. Двете компании се поддржани од илјадници стартапи за заеднички да се обидат да покажат дека нарушувањето на праксата која ги створи  Facebook, Google, Netflix и Amazon е лоша идеја.

„Разочарани сме од предлогот на Федераланата комисија за комуникација кој не успева да обезбеди силна заштита на интернет неутралноста, која ќе обезбеди интернетот да остане отворен за сите“, вели Facebook.

Google само додаде дека нема потреба од промена, и сегашната рамка е соодветна. Компаниите добија поддршка и од Netflix кој вели „За сегашниот нацрт немало официјално гласање, поради ова јавно се спротивставуваме“, пренесе BBC.

Стартапите пак сметаат дека за нивната иднина не е потребно единствено побрз интернет. Потребно е и да биде задржана интернет неутралноста за да може да бидат конкурентни.

„Можат да го забават нашиот сообраќај (провајдерите) за да ги заштитат и да ги промовираат сопствените сервиси“, велат над 1.000 стартапи во заедничка изјава.

Еден од ретките провајдери кој одговори е  Comcast. Додавајќи дека на своите корисници им ветиле дека ќе ја заштитат интернет неутралноста, и ќе продолжат да го почитуваат ова. Ова можеби и некој ќе го прифатеше ако Comcast претходно не го забавуваше Netflix. Дополнително, компанијата е обвинета и дека го забавува сообраќајот низ BitTorrent peer-to-peer мрежата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии