Илјадници фанови се збогуваат со Принцезата Леа

Илјадници фанови, љубители на Star Wars серијалите и универзумот оваа недела ги погоди веста дека актерката Кери Фишер веќе не е помеѓу нас. Актерката е позната по тоа што ја играше улогата на принцезата Леа Органа. Причината за смртта е срцев удар.

Саканата актерка има работено и на неколку сценарија за филмови, како Sister Act и The Wedding Singer, а го има позајмувано нејзиниот глас и во неколку Star Wars игри, како и во играта Dishonored – хитот од 2012 година.

Филмските ѕвезди, колеги и пријатели ги споделија своите чувства на друштвените мрежи. Сепак повторно најинтересни се пораките од фановите. Целосна листа на поинтересните барања и „комеморации“ може да разгледате на Kotaku.

Играчите на Star Wars the Old Republic се собираат пред палатата на Органа во Алдеран, вели Rakaur на Reddit. Играчите се собираат самоиницијативно на сите сервери и во најголем дел од случаите има примирје помеѓу завојуваните фракции. Играчите дополнително бараат споменик или некакво обележје. Ова без сомневање најдобро го прави Blizzard, па Bioware може да погледа некаков пример.

Играчите на поновата Star Wars игра, Battlefront бараат од DICE поинаков начин на потсетник. Од девелоперот бараат да креира нов изглед за принцезата Леа која веќе е присутна во играта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии