Ikea ќе продава мебел со безжично полнење на мобилните уреди

Ikea се подготвува да одговори на модерните барања на корисниците, кои се почесто сакаат помалку кабли во својот дом. За оваа цел новата колекција од Ikea ќе доаѓа со мебел подготвен за безжично полнење.

„Преку истражувања и посети дознавме дека корисниците мразат кабли несекаде. Загрижени се дека нема да го пронајдат својот полнач и дека уредите ќе им се испразнат. Нашите нови иновативни решенија нудат интегрирано безжично полнење во мебелот, кое ќе го направи животот поедноставен“, вели Џанет Скелмос од Ikea.

Технологијата која ќе ја користи Ikea е најчесто користената Qi Wireless, која ја користат најголемиот број од производителите на мобилни уреди, LG, ASUS, а постојат решенија и за уредите на Apple. Од Ikea најавуваат дека нивниот мебел ќе овозможува полнење и на моделите на Samsung. Новата колекција ќе биде достапна од април, најпрво во Северна Америка и Европа, но набрзо ќе биде достапна насекаде, јави Android Police.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии