Игри на Seavus влегоа помеѓу финалистите на BestAppEver Аwards

Yatzi Ultimate и Black Jack Ultimate се двете iOS игри на македонската софтверска компанија Seavus кои се најдоа помеѓу финалистите на BestAppEver наградите, кои се организирани од 148Apps и Steel Media Network.

BestAppEver натпреварот има околу 114 категории кои вклучуваат неверојатни различни мобилни игри, од игри со коцки во кои е номинирана Yatzy Ultimate на Seavus, и казино игри во кое е Black Jack Ultimate, до категории за најдобри детски, едукативни игри и игри кои најдобро го користат хардверот. Победниците ќе бидат прогласени на 26-ти февруари.

Од двете апликации на Seavus, поуспешна е Yatzi Ultimate која, според компанијата, се игра од 1,2 милиони играчи од целиот свет, а најмногу во САД и Скандинавија. Играта има и одличен рејтинг од корисниците и е достапна бесплатно на iTunes.

8 коментари на “Игри на Seavus влегоа помеѓу финалистите на BestAppEver Аwards

  1. Се прашувам зошто Сивус е толку непопуларна фирма што се гледа од многуте малициозни коментари?

    Ниски плати?

    Во најмала рака ЧУДНАТА (напорна и арогантна) корпоративна култура?

    Слаб капацитет на многу од ниско- и средно-ранкираните менаџери?

    Тезата дека Сивус фактички и не е фирма за развој на софтвер туку фирма која дава ИТ услуги?

    Како и да е, единствена позитивна работа е дека фирмата и главните менаџери заработуваат многу пари и носат добар прилив на девизи на државата.

    А за перспективата за работа во Сивус, мислам дека условите за работа во другите Македонски фирми кои извезуваат софтвер и ИТ услуги во странство се подобри.

  2. абе на крајо на краиштата, ако била македонска фирмата,
    нека клаела и македонски јазик во играта, а не само
    Languages: English, French, German, Spanish
    Seller: SEAVUS DOOEL

  3. Seavus не е Македонска компанија, таа е Шведска компанија. Таму се развиваат апликациите и се друго, тука само бугс поправат и мали досадни работи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии