Игри кои се бесплатни за викендот

Во пресрет на викендот, имате повеќе од одлични можности за дружење со квалитетни игри. Некои од игрите се засекогаш бесплатни. Она што треба е да ги поврзете на вашиот акаунт и потоа можете да ги играте кога сакате и како сакате. Некои други се бесплатни за проба или само за викендот, или за десетина дена.

Па така, првата игра која е бесплатна за проверка е Borderlands 3. Оваа пукачка игра во прво лице има плен на претек и доколку сакате хаотична акција во урнебесно смешен универзум, чедото на Gearbox е феноменален избор. Паралелно со неа, Bethesda дозволува да ја играте MMO играта The Elder Scrolls Online цели 12 дена, на PC, или конзолите. Основната игра и експанзиите исто така се на попуст.

Кога сте веќе тука, би можеле да си ја инсталирате Quake Champions и да одиграте само еден меч. Играта можеби е бесплатна, но шампионите со кои играте не се. Доколку само еден меч одиграте, сите шампиони ќе станат бесплатни. Имате PS+ и сакате откачени трки и натпревати со уште 59 други играчи? Никако не ја пропуштајте можноста и да ја проверите Fall Guys: Ultimate Knockout! А, на Epic Store фронтот, има уште две нови игри. 3 out of 10, EP 1: “Welcome To Shovelworks” е интересна авантура во епизоди. Играта е уникатен продукт, сличен на sitcom сериите каде сте дел од најлошото студио за развивање игри. Wilmot’s Warehouse, од друга страна, е интересна игра која крие бројни загатки, целосно наменети за управување со магацин. Звучи чудно, но нешто ни кажува дека би можела да им се допадне на тетрис фанатиците.

За крај, би можеле да ви го насочиме вниманието и на Twitch Prime. Технички, мора да сте претплатени, но сумата која се бара воопшто не е голема, а за возврат ќе добиете 23 игри, како и најразлични додатоци за други игри.  

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии