Игри кои ќе излезат во септември

Во поглед на нови видео игри, месецот септември го означува почетокот на исклучително плодотворен период. Релативно сушниот, летен период заврши на висока нота. Control успеја да ја оправда вербата која ја имавме во студиото зад Alan Wake и Max Payne, a Remnant: Ashes of Creation беше едно од најпријатните изненадувања и инстантно почна да се нарекува Dark Souls со огнени оружја. Но, што носи иднината?

Првата недела од септември е резервирана за бројни квалитетни наслови. Како мајстори на исклучително висок хајп, дефинитивно се истакнуваат Final Fantasy 8 Remastered со значително подобра графика, Phoenix Point, како духовен наследник на Xcom серијалот, Gears 5, феноменалното продолжување на приказната од четворката, и, можеби, NBA 2K20, доколку не ви смета безобразната парада на кутии со плен.

Втората недела ќе им дозволи на гејмерите да ја проверат GreedFall, RPG игра која успеја да крене огромна прашина со гејмплеј приказите кои потсетуваат на интересен хибрид помеѓу Dragon Age, Kingdoms of Amalur, па и The Witcher. Неделата ќе заврши на исклучително висока нота, со излегувањето на Borderlands 3. Хитот на Gearbox ја ветува истата, откачена забава од првите три игри, но рафинирани и проширени гејмплеј елементи со значително поголема територија.

Третата недела се чини првенствено посветена на разводот помеѓу Activision и Bungie и долго-очекуватата транзиција на Destiny 2 на платформата Steam. Таквото нешто се одбележува со експанзијата Shadowkeep и со нова приказна, опрема и оружја на целосно нова територија и со нови непријатели. Веднаш по тоа, љубителите на фудбалот можат да се втурнат во FIFA 20 и да проверат какви новитети се кријат во најновата игра на ЕА (ран пристап за EA Access претплатници).

За последната недела од септември, подгответе се за мазохистичко впуштање во научно фантастичната, Dark Souls алтернатива – The Surge 2, a, веднаш по неа, и за Code Vein. Две Souls-Like игри толку блиско една-до-друга не можат да се премногу добро нешто, особено кога се работи за распределба на вашето ионака ограничено слободно време.

Сите игри кои ќе излезат во септември:

Catherine: Full Body [PS4] – 3 септември
Children of Morta [PC] – 3 септември
Final Fantasy 8 Remastered [PC, PS4, XBO, Switch] – 3 септември
Last Oasis [PC] – 3 септември
Phoenix Point [PC, XBO] – 3 септември

Root Letter: Last Answer [PS4, Switch] (US) – 3 септември
Spyro Reignited Trilogy [PC, Switch] – 3 септември
Warsaw [PC] – 4 септември
WRC 8 [PC, PS4, XBO] – 5 септември
Creature In The Well [PC, XBO, Switch] – 6 септември
Gears 5 [Xbox Game Pass] – 6 септември
Monster Hunter World: Iceborne DLC [PS4, XBO] – 6 септември
NBA 2K20 [PC, PS4, XBO, Switch] – 6 септември

Blasphemous [PC, PS4, XBO, Switch] – 10 септември
eFootball Pro Evolution Soccer 2020 [PC, PS4, XBO] – 10 септември
Gears 5 [PC, XBO] – 10 септември
GreedFall [PC, PS4, XBO] – 10 септември
Men of War: Assault Squad 2 – Cold War [PC] – 12 септември
Borderlands 3 [PC, PS4, XBO] – 13 септември
Daemon X Machina [Switch] – 13 септември
NHL 20 [PS4, XBO] – 13 септември
AI: The Somnium Files [PC, PS4, Switch] – 17 септември
Bus Simulator [PS4, XBO] – 17 септември
Destiny 2: New Light [PC, PS4, XBO] – 17 септември
Destiny 2: Shadowkeep DLC [PC, PS4, XBO] – 17 септември

Groundhog Day: Like Father Like Son [PC VR, PSVR] – 17 септември
FIFA 20 [EA Access] – 19 септември
Truck Driver [PS4, XBO] – 19 септември
The Legend of Zelda: Link’s Awakening [Switch] – 20 септември
Lego Jurassic World [Switch] – 20 септември
Ni No Kuni: Wrath of the White Witch [Switch] – 20 септември
Ni No Kuni Remastered: Wrath of the White Witch [PC, PS4] – 20 септември
The Sojourn [PC, PS4, XBO] – 20 септември
Baldur’s Gate: Enhanced Edition [PS4, XBO, Switch] – 24 септември
Baldur’s Gate: Siege of Dragonspear [PS4, XBO, Switch] – 24 септември
Baldur’s Gate 2: Enhanced Edition [PS4, XBO, Switch] – 24 септември
Cat Quest 2 [PC] – 24 септември
Contra Rogue Corps [PC, PS4, XBO, Switch] – 24 септември
Dead By Daylight [Switch] – 24 септември
Hell of Men: Blood Brothers [PC] – 24 септември
Icewind Dale: Enhanced Edition [PS4, XBO, Switch] – 24 септември
Planescape: Torment: Enhanced Edition [PS4, XBO, Switch] – 24 септември
The Surge 2 [PC, PS4, XBO] – 24 септември

Darksiders 2 Deathinitive Edition [Switch] – 26 септември
Stygian: Reign of the Old Ones [PC] – 26 септември
Code Vein [PC, PS4, XBO] – 27 септември
Dragon Quest 11 S: Echoes of an Elusive Age – Definitive Edition [Switch] – 27 септември
FIFA 20 [PC, PS4, XBO] – 27 септември
Tropico 6 [PS4, XBO] – 27 септември

Doctor Who: The Edge of Time [PC VR, PSVR] – септември
Someday You’ll Return [PC, PS4, XBO] – септември
VR Ping Pong Pro [PC VR, PSVR] – септември

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии