Игри кои ќе излезат во октомври

Традиционално, месецот октомври е преполн со интересни наслови. Поголемиот дел од издавачите го резервираат месецот за да пласираат некои од нивните најголеми хитови. Па така, она што ве очекува во првата недела од октомври, е преселбата на Destiny 2 на Steam. По отцепувањето со Activision, Bungie се претфрлуваат на платформата на Valvе. Destiny 2: New Light ќе биде бесплатна за сите и ќе понуди на фановите стотици часови забава. Експанзијата Shadowkeep, меѓутоа, ќе чини пари, но затоа се одликува со нова приказна, нови промени со одредени системи, нови сезонски содржини и многу повеќе. Три дена по неа, ќе стапи на сила Ghost Recon Breakpoint. За разлика од Wildlands, оваа игра ќе има поголем фокус на Survival, како и значително поголем свет. На располагање имате најразлични оружја за најразлични пристапи, четири класи, а покрај кампањата, која може да се игра соло или со уште тројца други, имате и можности на мрежно препукување.

Во втората недела од октомври, ќе ве освои неодоливо симпатичната, четврта игра од акциониот Trine серијал. Играјќи со трите каризматични ликови, во Trine 4: The Nightmare Prince ќе користите уникатни способности за да се справите со бројните предизвици кои бараат од вас брзи рефлекси, размислување или комбинација од двете. Ултимативната колекција ги собира сите четири игри на едно место. Набргу по тоа, дефинитивно препорачуваме да ја проверите Deliver Us The Moon – експериментална инди игра каде истражувате на површината на месечината заедно со мал AI дрон.

Во третата недела, се чини првенствено резервирана за бројни наслови за switch, особено долго очекуваната The Witcher 3 игра. За PC гејмерите, дефинитивно би можеле да ја издвоиме уникатната изометрична RPG игра – Disco Elysium која веќе има крената позитивна прашина од бројни критичари (PC Gamer ја нарекоа како најосвежителна и најфасцинантна RPG игра која искусиле во последните неколку години). Оние кои се по риболов, би можеле да ја искусат симулацијата The Fisherman – Fishing Planet и да се втурнат во целата игра без какви било микротрансакции. При крајот на неделата, доаѓа нова WWE 2K20. По прв пат, оваа игра не е развивана од Yuke’s. Покрај подобрена графика, играта се одликува и со нова приказна за женските борачи.

А, во последната недела, конечно ќе може да ја провериме и новата Call of Duty: Modern Warfare. Со исфрлање на бројката од насловот, играта е замислена како нов почеток за серијалот, но надградена графика, но значително помрачен тон. Call of Duty: Modern Warfare ќе има кампања за еден играч, како и значително надграден мултиплеер, заедно со co-op Spec Ops, и нови мрежни режими. Ова ќе биде исклучително тежок ден за гејмерите, затоа што се планира излегувањето и на The Outer Worlds – една од најочекуваните RPG игри за 2019 година. Од креативниот ум на Obsidian Entertainment, нѝ доаѓа научно фантастична приказна, истражување бројни вселенски колонии, и огромно ветување за феноменална игра која би требало да го пружи она што не можеа Mass Effect Andromeda, Fallout 76, и No Man’s Land.

Destiny 2: New Light [PC, PS4, XBO] – 1 октомври
Destiny 2: Shadowkeep DLC [PC, PS4, XBO] – 1 октомври
What The Golf? [PC] – 1 октомври
Warsaw [PC] – 2 октомври
Neo Cab [PC, Switch] – 3 октомври
Paranoia: Happiness is Mandatory [PC] – 3 октомври
Ghost Recon Breakpoint [PC, PS4, XBO] – 4 октомври
Ghostbusters: The Video Game Remastered [PC, PS4, XBO, Switch] – 4 октомври

BurgerTime Party! [Switch] – 8 октомври
Call of Cthulhu [Switch] – 8 октомври
John Wick Hex [PC] – 8 октомври
Trine 4: The Nightmare Prince [PC, PS4, XBO, Switch] – 8 октомври
Trine: Ultimate Collection [PC, PS4, XBO, Switch] – 8 октомври
World of Warcraft 15th Anniversary Collector’s Edition [PC] – 8 октомври
Yooka-Laylee and the Impossible Lair [PC, PS4, XBO, Switch] – 8 октомври
Concrete Genie [PS4, PSVR] – 9 октомври
Deliver Us The Moon [PC] – 10 октомври

Tangle Tower [PC, Switch] – 10 октомври
AeternoBlade 2 [PS4, XBO, Switch] – 11 октомври
Frostpunk: Console Edition [PS4, XBO] – 11 октомври
Grid [PC, PS4, XBO] – 11 октомври
Killer Queen Black [Switch] – 11 октомври
Children of Morta [PS4, XBO, Switch] – 15 октомври
DayZ [PS4, XBO] (Retail) – 15 октомври
Disco Elysium [PC] – 15 октомври

Overwatch Legendary Edition [Switch] – 15 октомври
The Witcher 3: Wild Hunt – Complete Edition [Switch] – 15 октомври
Zombieland: Double Tap – Road Trip [PC, PS4, XBO, Switch] – 15 октомври
The Fisherman: Fishing Planet [PC, PS4, XBO] – 17 октомври
Kine [PC, PS4, XBO, Switch] – 17 октомври
Monkey King: Hero is Back [PC, PS4] – 17 октомври
Travis Strikes Again: No More Heroes Complete Edition [PC, PS4] – 17 октомври
Apex Legends Bloodhound Edition [PC, PS4, XBO] – 18 октомври
Apex Legends Lifeline Edition [PC, PS4, XBO] – 18 октомври
Ice Age: Scrat’s Nutty Adventure [PC, PS4, XBO, Switch] – 18 октомври
Pig Eat Ball [PS4, XBO, Switch] – 18 октомври
Raging Loop [PS4, Switch] (EU) – 18 октомври
Ring-Con accessory [Switch] – 18 октомври
Ring Fit Adventure [Switch] – 18 октомври
Beholder 2 [PS4] – 22 октомври
Forager [PS4, Switch] (Retail) – 22 октомври
Raging Loop [PS4, Switch] (US) – 22 октомври
WWE 2K20 [PC, PS4, XBO] – 22 октомври
Dusk Diver [PC] – 24 октомври
Call of Duty: Modern Warfare [PC, PS4, XBO] – 25 октомври

Dusk Diver [PS4, Switch] (EU) – 25 октомври
Killer Queen Black [Switch] (Retail) – 25 октомври
MediEvil [PS4] – 25 октомври
The Outer Worlds [PC, PS4, XBO] – 25 октомври
Close to the Sun [PS4, XBO, Switch] – 29 октомври
Disgaea 4 Complete+ [PS4, Switch] – 29 октомври
Disney Classic Games: Aladdin and the Lion King [PC, PS4, XBO, Switch] – 29 октомври
Dusk Diver [PS4, Switch] (US) – 29 октомври
Resident Evil 5 [Switch] – 29 октомври
Resident Evil 6 [Switch] – 29 октомври
Resident Evil Triple Pack [Switch] – 29 октомври
Super Monkey Ball: Banana Blitz HD [PS4, XBO, Switch] – 29 октомври
Yakuza 4 (The Yakuza Remastered Collection) [PS4] – 29 октомври
Luigi’s Mansion 3 [Switch] – 31 октомври

Игри со недефиниран датум на излегување во октомври:

Little Big Workshop [PC]
Project xCloud [XBO]
Secret Government [PC]
Stranded Sails – Explorers of the Cursed Islands [PS4, XBO, Switch]
VR Ping Pong Pro [PC VR, PSVR]

1 коментар на “Игри кои ќе излезат во октомври

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии