Игри кои ќе излезат во октомври

Месецот октомври отсекогаш бил одличен месец за гејмерите и го означува почетокот на еден одличен период од бројни игри кои ќе се борат за вашите тешко-спечалени пари и време.


Па така, инстантно го започнуваме со FIFA 22, игра која ветува незаборавно искуство со 700 тимови и низ 90 стадиони! Играта ви дозволува да создадете клуб, да го уредувате вашиот стадион, да создавате играчи и да им назначувате различна опрема, како и да учествувате во бројни уникатни настани.

На 5 октомври, Alan Wake Remastered ќе ви дозволи уште еднаш да го искусите ремек делот на Remedy и одново да се изборите со сенките кои демнеат во овој хорор трилер кој како да произлегол од некоја од книгите на Стивен Кинг.

Бргу по тоа, Far Cry 6 немилосрдно ќе нападне со целосно нова кампања која позајмува бројни механики од претходните игри за да понуди што е можно подетален и поголем отворен свет со уште пооткачени оружја и сопатници.

Никако не се опуштајте затоа што веќе во втората половина излегува Left 4 Dead 3, Back 4 Blood! Во секој можен аспект, Back 4 Blood е всушност Left 4 Dead 3, но бидејќи Valve не знае да брои до три, тимот кој стои зад оригиналната Left 4 Dead работи на Back 4 Blood! 

Во пресрет на ноќта на вештерките, се прикрадува уште еден интересен наслов. The Dark Pictures Anthology: House of Ashes е третата игра од овој серијал кој нуди неверојатни ликови, интригантна приказна и многу избори за донесување. Доколку сакате да видите како ќе заврши серијалот кој пушта корени од критички признаената Until Dawn, ова е играта која не би требало да ја пропуштите!

При крајот на месецот излегува и одамна очекуваната Marvel’s Guardians of the Galaxy која ветува дека ќе го содржи само доброто од Marvel’s Avengers, но не и лошото. Имено, тимот постојано потенцира дека играта има почеток и крај, нема да форсира ниту грајнд ниту микротрансакции. Во начинот на кој се раскажува приказната, се позајмуваат одредени механики за водење дијалози од Mass Effect, но пред да го помислите она што мислиме дека го мислите, во сржтта, Marvel’s Guardians of the Galaxy е линеарна авантура.

За последна игра од месецов која дефинитивно би сакале да ја издвоиме е и стратегијата Age of Empires 4. Како огромни фанови на овој серијал, не можеме да дочекаме да видиме што имаат подготвено за нас Relic Entertainment – девелоперите најдобро познати по серијалите Company of Heroes и Dawn of War. Инаку, изненадувачки, играта има скромна хардверска побарувачка.

Сите игри кои ќе излезат во октомври:

  • FIFA 22 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 1 октомври
  • Alan Wake Remastered [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 5 октомври
  • BPM: Bullets Per Minute [PS4, XBO] – 5 октомври
  • Hell Let Loose [PS5, XSX] – 5 октомври
  • Jett: The Far Shore [PC, PS5, PS4] – 5 октомври
  • Rainbow Billy: The Curse of the Leviathan [PC, PS4, XBO, Switch] – 5 октомври
  • Super Monkey Ball Banana Mania [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 5 октомври
  • Wasteland 3: Cult of the Holy Detonation DLC [PC, PS4, XBO] – 5 октомври
  • Art of Rally [PS5, PS4] – 6 октомври
  • Age of Darkness: Final Stand [PC] – 7 октомври
  • Far Cry 6 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 7 октомври
  • The Lightbringer [PC, Switch] – 7 октомври
  • Moonglow Bay [PC, XSX, XBO] – 7 октомври
  • Knockout Home Fitness [Switch] – 8 октомври
  • Lego Marvel Super Heroes [Switch] – 8 октомври
  • Metroid Dread [Switch] – 8 октомври
  • Tetris Effect: Connected [Switch] – 8 октомври
  • Book Of Travels [PC] – 11 октомври
  • Back 4 Blood [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 12 октомври
  • Disco Elysium: The Final Cut [XSX, XBO, Switch] – 12 октомври
  • Ori: The Collection [Switch] – 12 октомври
  • A Little Golf Journey [PC, Switch] – 14 октомври
  • Despot’s Game [PC] – 14 октомври
  • Godstrike [PS4, XBO] – 14 октомври
  • Jackbox Party Pack 8 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 14 октомври
  • Ruin Raiders [PC, Switch] – 14 октомври
  • Sphere – Flying Cities [PC] – 14 октомври
  • Crysis Remastered Trilogy [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 15 октомври
  • Demon Slayer: The Hikonami Chronicles [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 15 октомври
  • The Good Life [PC, PS4, XBO, Switch] – 15 октомври
  • Story of Seasons: Friends of Mineral Town [PS4, XBO] – 15 октомври
  • Dying Light: Platinum Edition [Switch] – 19 октомври
  • Into The Pit [PC, XBO] – 19 октомври
  • War Mongrels [PC] – 19 октомври
  • Youtubers Life 2 [PC, PS4, XBO, Switch] – 19 октомври
  • Healing Spree [PC] – 20 октомври
  • Jars [PC, Switch] – 20 октомври
  • Resident Evil 4 VR [Oculus VR] – 21 октомври
  • Sands of Aura [PC] – 21 октомври
  • Tandem: A Tale of Shadows [PC, PS4, XBO, Switch] – 21 октомври
  • The Dark Pictures Anthology: House of Ashes [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 22 октомври
  • Jumanji: The Video Game Enhanced Edition [PS5] – 22 октомври
  • L.O.L. Surprise! Movie Night [Switch] – 26 октомври
  • Marvel’s Guardians of the Galaxy [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 26 октомври
  • The Unliving [PC] – 26 октомври
  • Workshop Simulator [PC] – 26 октомври
  • Pumpkin Jack New-Gen Edition [PS5, XSX] – 27 октомври
  • Age of Empires 4 [PC] – 28 октомври
  • Fatal Frame: Maiden of Black Water [PC, PS4, XBO, Switch] – 28 октомври
  • Plan B from Outer Space: A Bavarian Odyssey [PC] – 28 октомври
  • Riders Republic [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 28 октомври
  • Voice of Cards: The Isle Dragon Roars [Switch] – 28 октомври
  • Mario Party Superstars [Switch] – 29 октомври

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии