Игри кои ќе излезат во март

Се надеваме дека месецот ќе најдете слободно време за некоја од бројните нови игри. Па така, дефинитивно би можеле да го започнете месецот со симпатичниот ретро-инспириран платформер Sir Lovelot, а потоцна да се префрлите во богатиот свет на The Elder Scrolls Online. Најновиот додаток за оваа ММО игра се вика Flames of Ambition, а воведува две нови зандани, почеток на приказната која ќе не одведе во Oblivion и бројни награди од механичка и козметичка вредност.

Ден подоцна, Watch Dogs Legion конечно ќе го добие мрежниот дел кој ќе ви дозволи да ги здружите силите со и против други агенти управувани од вистински лица. Оние кои се по стратегии, ќе можат да се навратат на Total War: Three Kingdoms и да го проверат Fates Divided додатокот кој се одликува со значителни надградби на бројни механики, нова фракција, како и нови единици. Ова не е единствениот новитет за стратешките гејмери. Во случај да сте долгогодишен фан на Stronghold серијалот, Stronghold: Warlords e феноменална стратегија со која веќе се дружиме и работиме на детална рецензија.

При крајот на месецот, Yakuza 6 немилосрдно ќе нападне на PC фронтот со значително надградена графика и испеглани механики. Тоа никако не е единствената игра која заминува од ексклузивната сенка на Sony. Она што највеќе ги радува гејмерите е и излегувањето на Kingdom Hearts игрите за PC. За жал, се чини дека дури и PC игрите се проколнати да се ексклузива и достапни се за нарачка само преку Epic Store.

Но, која игра вас највеќе ви го привлекува вниманието? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи! Нека не ве лаже долгата листа, меѓутоа, поголемиот дел од игрите се горе-долу стари игри кои се реиздаваат за одредени платформи.

Игри кои ќе излезат во март:

  • Harvest Moon: One World [Switch] – 2 март
  • Maquette [PC, PS5, PS4] – 2 март
  • Monster Jam Steel Titans 2 [PC, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 2 март
  • Yakuza: Like a Dragon [PS5] – 2 март
  • Sir Lovelot [PC, PS5, PS4, XBO, Switch] – 3 март
  • Gnosia [Switch] – 4 март
  • Kill It With Fire [PS4, XBO, Switch] – 4 март
  • Mortal Shell: Enhanced Edition [PS5, XSX] – 4 март
  • Ranch Simulator [PC] – 4 март
  • Antonball Deluxe [PC] – 5 март
  • Two Point Hospital: Jumbo Edition [PS4, XBO, Switch] – 5 март
  • The Elder Scrolls Online: Flames of Ambition DLC [PC, Stadia] – 8 март
  • Apex Legends [Switch] – 9 март
  • Watch Dogs Legion multiplayer mode [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 9 март
  • Cyanide & Happiness – Freakpocalypse: Part 1 [PC, Switch] – 11 март
  • Hyper Scape Season 3: Shadow Rising [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 11 март
  • Monster Truck Championship [PS5, XSX] (EU) – 11 март
  • Total War: Three Kingdoms – Fates Divided DLC [PC] – 11 март
  • Crash Bandicoot 4 [PS5, XSX, Switch] – 12 март
  • Drive Buy [PC, Switch] – 12 март
  • The Elder Scrolls Online: Flames of Ambition DLC [PS4, XBO] – 16 март
  • Kingdoms of Amalur: Re-Reckoning [Switch] – 16 март
  • Monster Truck Championship [PS5, XSX] (US) – 16 март
  • Mundaun [PC, PS4, XBO] – 16 март
  • Samurai Shodown [XSX] – 16 март
  • Stubbs the Zombie: Rebel Without a Pulse [Switch] – 16 март
  • Cartel Tycoon [PC] – 18 март
  • Marvel’s Avengers [PS5, XSX] – 18 март
  • Minute of Islands [PC, PS4, XBO, Switch] – 18 март
  • Plants vs Zombies: Battle for Neighborville [Switch] – 19 март
  • Overcooked! All You Can Eat [PC, PS4, XBO, Switch] – 23 март
  • Story of Seasons: Pioneers of Olive Town [Switch] (US) – 23 март
  • Yakuza 6 [PC] – 25 март
  • Balan Wonderworld [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 26 март
  • It Takes Two [PC, PS4, XBO] – 26 март
  • Monster Hunter Rise [Switch] – 26  март
  • Story of Seasons: Pioneers of Olive Town (EU) [Switch] – 26 март
  • Terminator: Resistance – Enhanced [PS5] – 26 март
  • Tony Hawk’s Pro Skater 1+2 [PS5, XSX] – 26 март
  • Evil Genius 2: World Domination [PC] – 30 март
  • Kingdom Hearts HD 1.5+2.5 Remix [PC] – 30 март
  • Kingdom Hearts HD 2.8 Final Chapter Prologue [PC] – 30 март
  • Kingdom Hearts 3 + Re Mind DLC [PC] – 30 март
  • Kingdom Hearts Melody of Memory [PC] – 30 март
  • Narita Boy [PC, PS4, XBO, Switch] – 30 март
  • The Binding of Isaac: Repentance DLC [PC] – 31 март

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии