Игри кои ќе излезат во март

Мартин Јованчевски

во feature, Вести

Месецот февруари криеше неколку изненадувања, а март со задоволство го продолжува истиот тренд.

Па така, месецот го почнуваме со The Division 2 проширувањето кое е насловено Warlords of New York, а е замислено да ве впушти во адреналинска приказна низ четири локации. Ден потоа, љубителите на стратегии ќе можат да ја пробаат уникатната воена симулација 4th Generation Warfare. Во случај да барате сте повеќе по симпатични авантури во богат свет и со предизвикувачки загатки, на 6 март излегува инди играта Murder By Numbers.

Во средината на втората недела нѝ доаѓа Ori and the Will of the Wisps. Нејзиното играње строго се препорачува на сите љубители на акциони авантури во стилот на Metroidvania. Во случај да имате Xbox Pass, играта е бесплатна за играње. На 13 март, пак, доаѓа насловот во кој ќе умрете повеќе пати отколку што би сакале да броите. Nioh 2 се заканува одново да ги тестира вашите рефлекси и желбата за опстанок во еден, исклучително суров свет.

Doom Eternal конечно доаѓа на 20 март. Останува да видиме дали оваа акциона игра во прво лице ќе успее да ја импресионира публиката на ист начин како и претходник од 2016 година. Три дена потоа, доаѓа нешто што претпоставуваме дека ќе биде вистинска револуција во VR платформата. Half-Life 3 никако да дојде, но затоа Half-Life: Alyx ќе проба да ве освои со препознатливиот свет и комплексни гејмплеј механики за прикрадување и борба. За жал, без опрема за виртуелна реалност, играта на Valve нема да може да се игра.

Bleeding Edge е игра која со нетрпение ја очекуваме. Осмислена од Ninja Theory (Senua’s Sacrifice) играта нема толку да се фокусира на приказната колку на гејмплејот со натпреварувачки карактер. Со тим од четворица, се пресметувате против друг тим, со ликови кои се крајно откачени и кријат уникатни механики за одбрана и напад. Набргу потоа ќе излезе и DLC за Control. Студиото зад Max Payne и Alan Wake исфрлија повеќе од одлична игра, го очекуваме истото и за додатоците.

Што ќе играте? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Сите игри кои ќе излезат во март:

  • The Division 2: Warlords of New York expansion [PC, PS4, XBO] – 3
  • 4th Generation Warfare [PC] – 5 март
  • Murder by Numbers [Switch] – 5 март
  • Murder by Numbers [PC] – 6 март
  • Pokemon Mystery Dungeon: Rescue Team DX [Switch] – 6 март
  • The Elder Scrolls Online: Harrowstorm DLC [PS4, XBO] – 10 март
  • Ori and the Will of the Wisps [PC, XBO] – 11 март
  • Overpass [Switch] – 12 март
  • Dead or School [PS4, Switch] – 13 март
  • MLB The Show 20 [PS4] – 13в
  • My Hero One’s Justice 2 [PC, PS4, XBO, Switch] – 13 март
  • Nioh 2 [PS4] – 13 март
  • Animal Crossing Switch New Horizons [Switch] – 20 март
  • Doom Eternal [PC, PS4, XBO, Stadia] – 20  март
  • Doom 64 [PC, PS4, XBO, Switch] – 20 март
  • Half-Life: Alyx [PC VR] – 23в
  • Bleeding Edge [PC, XBO] – 24 март
  • Moons of Madness [PS4, XBO] – 24 март
  • Control: The Foundation DLC [PC, PS4, XBO] – 26 март
  • One Piece: Pirate Warriors 4 [PC, PS4, XBO, Switch] – 27 март
  • Saints Row 4: Re-Elected [Switch] – 27 март
  • The Complex [PC, PS4, XBO, Switch] – 31 март
  • Operencia: The Stolen Sun [PC, PS4, Switch] – 31 март
  • Persona 5 Royal [PS4] – 31 март

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии