Кои игри ќе се осмелат да ве отргнат од преубавото време месецов? Дознајте преку нашиот извештај!

Super Mega Baseball 2 PS4, Xbox One, PC 1.мај

Со, нов графички енџин, длабоки тимски прилагодувања и бројни режими за мрежни натпревари, двојката ќе ве вовлече на импозатни терени и ќе ве принуди да играте една од најкомплексни бејзбол игри. Играта веќе собра исклучително позитивни рецензии од гејмерите и критичарите.

Total War Saga: Thrones of Britannia PC 3.мај

Се ветува одличен баланс на кампања со запазување редови и имплементирање војни тактики во реално време. Thrones of Britannia го нуди добро-познатиот моќен гејмплеј, но фокусиран на одреден историски момент.

City of Brass PS4, Xbox One, PC 4.мај

Како игра во ран пристап, City of Brass всушност ви доаѓа од ветерани кои претходно работеле на BioShock игрите. Станете крадец и изнегнувајте бројни замки за да пробате да ги надмудрите непријателите. Играта ветува огромна вредност на преигрување и исклучително забавен гејмплеј, нешто што веќе е потврдено од бројните позитивни рецензии.

Conan Exiles PS4, Xbox One, PC 8.мај

Conan Exiles ќе излезе од раниот пристап на 8.мај, заедно со два нови региони и огромни инвазии со NPC ликови. Низ времето, скоро сите гејмплеј механики се надградени и пружаат задоволително искуство кое влече инспирација од бројни други игри. Funcom се изјаснија дека доаѓаат до точката кога навистина се задоволни со нивното чедо, но и дека таквото нешто значи дека цената на играта ќе треба да скокне на 40 долари.

Destiny 2: Warmind PS4, Xbox One, PC 8.мај

Warmind ќе понуди на легијата гејмери нови места, нови херои и нови непријатели. Експанзијата ќе биде пропратена со нови сезонски рангирања, приватни натпревари, зголемен простор во трезорот, егзотични оружја и, доколку историјата е некаков показател, сигурни сме дека ќе се провлечат бројни можности за микротрансакции кои само дополнително ќе ги разлутат гејмерите.

Pillars of Eternity II: Deadfire PC 8.мај

Pillars of Eternity 2: Deadfire излегува во мај и ќе ни дозволи да бидеме пирати и да имплементираме напредни можности за уредување на ликот и бродот. Според најновиот гејмплеј приказ, ликовите од оригиналната игра ќе можете да ги префрлите во Deadfire или пак да создадете целосно нови со напредниот систем за повеќе класи. На слични богати опции ќе наидете и при уредување на вашиот брод.

Raging Justice Switch, PS4, Xbox One, PC 8.мај

Навлезете во носталгично патување со оваа класична боречка игра од епски пропорции и пробајте да ставите крај на криминалот и корупцијата преку улични битки од кои ќе ви се крене косата нагоре. Онаму каде што тупаниците не помагаат, ќе имате на располагање најразлични оружја, од столици, преку ножеви па се до косачи на треба. Играта поддржува локален ко-оп.

Tacoma PS4 8.мај

Tacoma е научно-фантастична авантура сместена во технолошко-напреден вселенски брод, во 2088 година. Гејмплејот во Tacoma е од исклучително едноставна природа и се состои од одење и истражување на дигиталните простори, интеракција од прост карактер и органско впивање на приказната која се одвива околу вас. Бидејќи нема ниту битки ниту загатки, на оваа игра инстантно ѝ се прилепува етикетата Walking Simulator – релативно нов жанр кој е силно поткован од игрите како Dear Esther или Gone Home.

Little Witch Academia: Chamber of Time PS4, PC 15.мај

Чедото на А+ Games и Bandai Namco Games излезе во Јапонија уште во ноември 2017 година, но светската премиера за најкористените конзоли ќе ја доживее месецов и ќе проба да ги заинтригира гејмерите преку side-scrolling акција каразматичната вештерка Ако.

Omensight PS4, PC 15.мај

Духовниот наследник на Stories: The Path of Destinies ќе ве дозволи да разрешувате мистериозно убиство со забавни гејмплеј механики за истражување и борби со ладни оружја и магии. На играат позајмуваат гласови познати актери од игрите како Zelda, We Happy Few и Pillars of Eternity.

Far: Lone Sails PC 17.мај

Невообичаена авантура со возила каде откривате работи за прастара цивилизација и внесувате напори да излезете на крај со бројни препреки и предизвикувачко време.

State of Decay 2 (Ultimate Edition) Xbox One, PC 18.мај

На какви се начини можете да убиете зомби чудовишта? Долго-очекуваната игра ќе ги отвори портите на трите огромни мапи на 22.мај, но само преку Windows Store продавницата.

Ancestors Legacy Xbox One, PC 22.мај

Управувајте со армија од средновековна Европа и втунетесе во кампања која е инспирирана од историски настани. Покрај кампањата имате на располагање и комплексни мрежни битки. Играта се чини како одличен избор за сите оние кои сакаат да навлезат во историски период и да посветат време не само на битки туку и на собирање ресурси и градење село.

Space Hulk: Deathwing – Enhanced Edition PS4, PC 22.мај

Space Hulk: Deathwing Enhanced Edition ќе биде бесплатна за сите сопственици на претходната верзија. Надградената верзија ќе има нов систем за напредување, со пофлексибилно отклучување на класите, опремата и оружјата, како и нова класа за поддршка. Покрај ова, ќе бидат понудени и нови оружја, нови непријатели и специјални мисии.

Tennis World Tour PS4, Xbox One, Switch, PC 22.мај

Играјте како еден од 30 најдобри тенисери од светот преку реалистични анимации и на 18 различни терени кои влијаат на гејмплејот. Играчите ќе можат да градат кариера преку најразлични режими.

Dark Souls Remastered PS4, Xbox One, PC 25.мај

Играта ќе понуди подобра графика и бројни технички и гејмплеј исправки, нешто што со моментната верзија донекаде е изводливо преку дополнителни модификации на играта. Римастерот на Bandai Namco нема да е бесплатен за сопствениците на оригиналната игра, но ќе се продава со 50% попуст.

Detroit: Become Human PS4 25.мај

Една од најочекуваните игри за PS4 доаѓа од тимот задолжен за Hard Rain и Fahrenheit. Играта доаѓа од демото од 2012 година каде по првпат можевме да се запознаеме со преубавата Кара. Во Detroit, меѓутоа, играте со уште два други ликови, а потребно е да донесувате многу одлуки. Некои од одлуките може да се смртоносни за некој од ликовите.

Agony PS4, Xbox One, PC 29.мај

А сите оние кои не се ипресионирани од пролетта и раѓањето на животот би можеле да навлезат во пеколот и да истражуваат длабоко вознемирувачки теми преку хорор играта Agony. Со избришани сеќавања и уникатна способност да поседувате демони, потребно е да се извлечете од пеколот и негостопримливите жители без да врескате како мало девојче и добивате загрижени погледи од најблиските.

Everspace PS4 29.мај

Kotaku сметаат дека Everspace е неверојатна кул игра која треба да се провери, а на Polygon им се чини дека играта би можела да биде идниот одличен вселенски шутер. PC-Invasion се сигурни дека ова е интергалактички наслов кој внимателно треба да се следи, а ние можеме само да се сложиме со кажаното. Everspace е спремна да излезе од раниот пристап и да ве награди со преубави територии за истражување, возбудливи вселенски битки, собирање ресурси за поправање на леталата, но и детален систем за создавање опрема и корисни модификации.

1 коментар на “Игри кои ќе излезат во мај

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии