Игри кои ќе излезат во мај

Мај се чини како одличен месец за седење дома, но не и за играње нови игри. Иако нивниот број е висок, Switch го зема поголемиот дел од колачот, а она што останува за останатите платформи не нè премногу радува.

John Wick Hex се покажа како пријатно изненадување за PC гејмерите, а набргу во тоа би можеле да се уверат и сопствениците на PS4. На 7 мај се прикрадува rogue-lite RPG играта Aboria, a недела по тоа би можеле да ја проверите најновата, петта сезона на Apex Legends.

Those Who Remain остава впечаток на интригантна авантура уредно спакувана во психолошки хорор, но ден по ова, ќе излезе последното големо надополнување за ултра популарната Terraria.

И, додека месецот се чини феноменален за нудење наслови за Switch, останатите платформи бараат утеха во неколку римастери. Platinum Games го исфрла римастерот за The Wonderful 101, а Deep Silver се фали со Saints Row: The Third Remastered.

Со нетрпение чекаме да го провериме Diablo клонот Minecraft Dungeons на крајот на месецот, симпатичниот ретро инспириран платформер – Wildfire, но и најновото подглавје во The Elder Scrolls Online.

Целосната листа на игри кои ќе излезат во мај:

  • Arcade Spirits [PS4, XBO, Switch] – 1 мај
  • John Wick Hex [PS4] – 5 мај
  • Someday You’ll Return [PC] – 5 мај
  • Trackmania [PC] – 5 мај
  • Wartile: Hel’s Nightmare DLC [PC, PS4, XBO] – 5 мај
  • Arboria [PC] – 7 мај
  • Fledgling Heroes [Switch] – 7 мај
  • Lonely Mountains: Downhill [Switch] – 7 мај
  • Wavey The Rocket [PC] – 7 мај
  • Apex Legends Season 5 [PC, PS4, XBO] – 12 мај
  • Star Wars Episode 1: Racer [PS4] – 12 мај
  • Best Friend Forever [PC, Switch] – 14 мај
  • Song of Horror – Episode 5: “The Horror and The Song” [PC] – 14 мај
  • TT Isle of Man – Ride on the Edge 2 [Switch] – 14 мај
  • Hatsune Miku: Project DIVA Mega Mix [Switch] – 15 мај
  • Tales From Off-Peak City Vol. 1 [PC] – 15 мај
  • Those Who Remain [PC, PS4, XBO] – 15 мај
  • Terraria: Journey’s End update [PC] – 16 мај
  • Golf With Your Friends [PS4, XBO, Switch] – 19 мај
  • Warhammer 40,000: Mechanicus [Switch] – 19 мај
  • The Wonderful 101: Remastered [PC, PS4, Switch] (US) – 19 мај
  • Chuhou Joutai [PC] – 22 мај
  • Maneater [PC, PS4, XBO] – 22 мај
  • Saints Row: The Third Remastered [PC, PS4, XBO] – 22 мај
  • The Wonderful 101: Remastered [PC, PS4, Switch] (EU) – 22 мај
  • Minecraft Dungeons [PC, PS4, XBO, Switch] – 26 мај
  • Wildfire [PC] – 26 мај
  • Ninjala [Switch] – 27 мај
  • BioShock: The Collection [Switch] – 29 мај
  • Borderlands Legendary Collection [Switch] – 29 мај
  • XCOM 2 Collection [Switch] – 29 мај
  • Xenoblade Chronicles: Definitive Edition [Switch] – 29 мај

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии