Велат дека јуни ќе биде исклучително топол месец, а таквото нешто е двојно вистинито во гејмерската индустрија. Со прашината која се крева со овогодишниот Е3 настан, 13 игри ќе се трудат да ја згаснат вашата инстантна жед за гејмерска гратификација. The Elder Scrolls Online: Summerset прва ги отвори портите за сите оние кои предвреме  ја нарачаа експанзијата и од она што ние го видовме,  можеме да потврдиме дека студиото чекори по претходно воспоставени урнеци и нема апсолутно никакви изненадувања. А тоа, за повеќето, е добра работа. На Vampyr очајно се гледа како на гралот за RPG игрите и многумина со нетрпение очекуваат да навлезат во морално предизвикувачки ситуации кои ветуваат да ги променат вашите верувања до сржта. The Crew 2, пак, покажува иницијатива да ги задоволи вашите тркачки аспирации на места кои се тешко достапни за двата наслови на Milestone S.r.l. Се што е помеѓу, делува подеднакво привлечно и го поплочува патот за еден исклучително продуктивен месец. Под услов да не се замарате со тривијални работи како семејство. Или потреба за работа и плаќање сметки. :)

BlazBlue: Cross Tag Battle             PS4, PC, Switch           5.јуни

Како боречка игра од креативните умови на Arc System Works, BlazBlue: Cross Tag Battle е дарежлив домаќин на ликови од BlazBlue, Persona 4 Arena, Under Night In-Birth и RWBY. Играта дозволува пресметки каде двајца борци се натпреваруваат против други двајца, а некои гејмплеј механики ќе бидат доста слични на игрите од горе споменатите игри. Од прикажаните видео материјали, BlazBlue: Cross Tag Battle често се споредува со Marvel vs. Capcom: Infinite и Tekken Tag Tournament 2, така да, доколку (не) сте фан на игриве, претпоставуваме дека точно знаете што да очекувате од CTB.

The Elder Scrolls Online: Summerset       PS4, Xbox One, PC           5.јуни

Summerset експанзијата ќе ја продолжи приказната која беше започната со Orsinium додатокот од 2015 година и ќе ви дозволи да истражувате нова зона, со новата фракција Psijic Order, како и нов сет од вештини, нова вештина за правење накит, но и нови зандани, нови босови, а и нов трајл за 12 играчи, кој ќе се вика Cloudrest. Summerset се поставува на слично рамниште со нивната прва поголема експанзија – Morrowind. Но, ако Morrowind беше препознатлива по мрачната атмосфера, Summerset се поставува како една од најубавите туристички атракции.

Onrush PS4, Xbox One  June 5.јуни

Onrush е уште една боречка игра која ќе излезе на 5.јуни, но за разлика од BlazBlue, до ултимативната победа се доаѓа со песната на автомобилите. Одамна докажаните Codemasters овој пат ќе се потрудат да ве сместат во аркадно опкружување каде возите автомобили, мотори и бројни други возила низ огромни и предизвикувачки терени. Секој пат кога ќе решите да возите како да нема утре, ќе можете да активирате значително забрзување во возилото и да ги удавите останатите играчи  во вашата прашина.

Shaq Fu: A Legend Reborn           PS4, Xbox One, Switch, PC           5.јуни

Играта собра скоро половина милион долари преку Indiegogo кампањата и, по се изгледа, авторите конечно се спремни да ја споделат финалната верзија со сите оние кои со нетрпение ја исчекуваат акционата игра во која Шекил Онил го позајмува гласот. Патувајте низ различни локации околу светот и ставите крај на уникатните борци така што ќе ја користите и околината.

Vampyr                PS4, Xbox One, PC           5.јуни

Дејството се одвива во Лондон, но во 1918 година и за време на шпанскиот грип. Низ пустошот од тела, го контролирате анти-херојот Jonathan E. Reid, кој убива за да преживее, но и за да ги надгради своите вампирски способности. Слично на Life is Strange, што ќе направите и што ќе кажете влијае на мислењето на NPC ликовите и поголемите настани кои допрва ќе се случат. Исто така, вампирските способности доаѓаат со цена. Па така, завлегување во темната страна и потпирање на натприродни решенија за исполнување на вашите цели резултира со такса од вашата крв. Останатите елементи од гејмплејот се сведуваат на истражување, прикрадување и прислушување, а борбата се споредува со стилот од Assassin’s Creed, преку користење ладни, огнени и, секако, вампирски способности.

MotoGP 18         PS4, Xbox One, PC           7.јуни

Искачете се на врвот како професионален тркач преку 19 официјални терени и добијте целосна контрола во уредувањето на вашиот мотор. Како познати ветерани, Milestone S.r.l. има бројни наслови зад нив и искрено се надеваме дека искуството ги има научено да не ги повторат истите грешки од претходните игри и ќе  понудат наслов кој е достоен за сите тркачки ентузијасти од овој калибар.

Jurassic World Evolution              PS4, Xbox One, PC           12.јуни

Се работи за уште една игра која ќе проба да вдахне нов живот во Jurassic World универзумот. Frontier Developments се имаат погрижено да понудат наслов каде ќе можете да управувате со цели острови и да ги пополните со преубавите ѕверови од едно друго време. Според авторите, ќе можете да создавате диносауруси кои ќе размислуваат, чувствуваат и реагираат на интелигентен начин со светот околу нив. Ќе можете да им всадувате одредени однесувања, способности и изгледи, а и да се впуштите во детални прегледи и микро-управувања како би можеле да се справите со сите предизвици, како на копно, така и во воздух.

Super Bomberman R      PS4, Xbox One, PC           12.јуни

Ретко кој не слушнал за бомберман – неодоливо напната, експлозивна игра во лавиринти со концепт кој е онолку едноставен колку што е тежок за совладување. Super Bomberman R го растури деценискиот молк во овој серијал и понуди интересен продолжеток за сопствениците на Switch. По нешто повеќе од година дена, играта доаѓа и за останатите платформи со кампања од 50 стази и можност за играње со уште еден играч низ кампањата или со седум други во мрежниот дел.

LEGO The Incredibles     Xbox One, PS4, Switch, PC           15.јуни

А, оние кои никако не можат да се презаситат од бројните лего игри засновани на познати филмови, набргу ќе можат да ја проверат најновата авантура на Traveller’s Tales. За потребите на LEGO The Incredibles се црпе инспирација и од првиот и од вториот филм, со креативна слобода која е карактеристична за ваквите игри.

Mario Tennis Aces           Switch            22.јуни

Среќните сопственици на Switch ќе можат да се втурнат летово со игра која го обединува најдоброто од Марио универзумот и тенисот, на уникатен начин кој ќе ги израдува фановите. Mario Tennis Aces е олицетворение на N64 деновите и дозволува четворица играчи да си ги пробаат нивните тениски способности на најразлични терени. Овој пат, можете да пополнувате скала и во одредени моменти да ослободите неверојатни потези кои ќе ве доведат поблиску до супер-кул победа.

New Gundam Breaker   PS4, PC            22.јуни

Во една од најочекуваните игри на Bandai Namco ќе можете да кршите, градите и напаѓате на целосно нови начини. Собирајте паднати оружја и опрема и искористите ја со вашиот тим од тројца за да ставите крај на непријателите.

The Crew 2         PS4, Xbox One, PC           29.јуни

Првата тркачка игра на Ubisoft некако не успеја да привлече поголема база фанови со сосема просечниот гејмплеј, но француските издавачи не сакаат да се откажат и ја селат двојката во значително поголем, отворен свет, со целосно разработени гејмплеј механики. The Crew 2  ќе ве прошета низ најпознатите американски градови, како Лас Вегас или Њу Јорк и ќе ви дозволи да започнете најразлични ко-оп мисии со управување возила на копно, вода или небо.

MXGP Pro           PS4, Xbox One, PC           29.јуни

Milestone S.r.l. планира да исфрли уште една тркачка игра со мотори во јуни. Проширените гејмплеј механики во MXGP Pro ќе ви дозволат покомплексно прилагодување на вашиот мотор и подобра физика за справување со напредните терени, како и над 30 предизвици само во делот за вежбање со вештачката интелигенција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии