Игри кои ќе излезат во јули

Гледајќи ја листата со игри кои ќе излезат во месец јули, повеќе од јасно е дека гејмерите има со што да се занимаваат за време на огромните летни горештини.

1 – 6 јули

Во првата недела од јуни, се очекува првото DLC за ултра симпатичната акциона RPG игра Minecraft Dungeons. Не нѝ се допадна тоа што основната игра е исклучително кратка, така да дефинитивно се радуваме што ќе можеме да ги продолжиме авантурите. По бројни одложувања, се чини дека Marvel’s Iron Man VR конечно е спремна за масовна дистрибуција. Доколку отсекогаш сте сакале да летате во огромен метален оклоп и да пукате со ласери, ова е играта која ќе ве доведе најблиску до остварување на сонот.

  • Minecraft Dungeons: Jungle Awakens DLC [PC, PS4, XBO, Switch] – 1 јули
  • Biped [Switch] – 2 јули
  • Marvel’s Iron Man VR [PSVR] – 3 јули
  • The Wonderful 101: Remastered [PC, PS4, Switch] – 3 јули
  • Castle Kong [Switch] – 4 јули

7 – 13 јули

Bloodstained: Curse of the Moon 2 е игра која би била особено ценета од ретро фанатиците и љубителите на платформери. Неколку дена подоцна, тркачките ентузијасти можат да се впуштат во новата F1 2020 и да го проверат новиот и долго очекуван MYTEAM режим каде создавате ваш F1 тим, избирате спонзори, градите објекти и ред други работи.

  • Catherine: Full Body [Switch] – 7 јули
  • Superliminal [PS4, XBO, Switch] – 7 јули
  • CrossCode [PS4, Switch] – 9 јули
  • Bloodstained: Curse of the Moon 2 [PC, PS4, XBO, Switch] – 10 јули
  • Deadly Premonition 2: A Blessing in Disguise [Switch] – 10 јули
  • F1 2020 [PC, PS4, XBO, Stadia] – 10 јули
  • Story of Seasons: Friends of Mineral Town [Switch] (EU) – 10 јули
  • Sword Art Online: Alicization Lycoris [PC, PS4, XBO] – 10 јули

14 – 20 јули

Death Stranding, играта која или ќе ја сакате или мразите од дното на душата, излегува невообичаено брзо и на PC платформата. Оние кои нема да најдат утеха во чедото на Коџима, можат да си ги проверат нивните ловечки способности во Hunting Simulator 2 или пак да навлезат во улога на древните јапонски самураи со PS4 екслузивата – Ghost of Tsushima.

  • Death Stranding [PC] – 14  јули
  • Neon Abyss [PC, PS4, XBO, Switch] – 14 јули
  • Rocket Arena [PC, PS4, XBO] – 14 јули
  • Story of Seasons: Friends of Mineral Town [Switch] (US) – 14 јули
  • Bounty Battle [PC, PS4, XBO, Switch] – 16 јули
  • Hunting Simulator 2 [PC] – 16 јули
  • Radical Rabbit Stew [PC, PS4, XBO, Switch] – 16 јули
  • Drake Hollow [PC, XBO] – 17 јули
  • Ghost of Tsushima [PS4] – 17  јули
  • Paper Mario: The Origami King [Switch] – 17  јули
  • Into the Radius [PC] – 20 јули

21 – 30 јули

Последната недела-и-пол започнува со симпатичниот, трет продолжеток на Rock Of Ages. Доколку сте по тркалање камења и исполнување предизвици поврзани со нив, нема да најдете подобар серијал од овој. Сосема неочекувано, Dying Light: Hellraid додатокот ќе понуди увид во игратата која со години беше развивана од Techland, па паузирана поради работа на Dying Light 2. Искрено, не веруваме дека Hellraid некогаш ќе излезе и ова е, најверојатно, најблиското што би можеле да дојдете до проверка на играта. Крајот на месецот исполнете го со чистокрвниот римејк за PS хитот Destroy All Humans!, новото DLC за Nioh 2, или со CastleStorm 2.

  • Rock Of Ages 3: Make & Break [PC, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 21 јули
  • Dying Light: Hellraid DLC [PC, PS4, XBO] – 23 јули
  • Röki [PC] – 23 јули
  • Destroy All Humans! Remake [PC, PS4, XBO] – Juy 28 јули
  • Grounded [PC, XBO] – 28 јули
  • Skater XL [PC, PS4, XBO] – 28 јули
  • Terrorarium [PC] – 28 јули
  • Nioh 2: The Tengu’s Disciple DLC [PS4] – 30
  • CastleStorm 2 [PC, PS4, XBO, Switch] – 31
  • Cat Quest + Cat Quest 2 Pawsome Pack [PS4, Switch] – 31
  • Fairy Tail [PC, PS4, Switch] – 31

Да, месецот јули е одличен за понатамошно практикување социјално дистанцирање, затворање во климатизирана просторија, и играње игри. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии