Игри кои ќе излезат во јануари

Ако нешто можевме да забележиме од листата со игри кои ќе излезат во јануари, тоа е дека 2020 година започнува исклучително срамежливо.

Како еден од најочекувани наслови се истакнува содржителната експанзија за Monster Hunter World – Iceborne. Оваа проширување веќе подолго време е вдомено во PS4 конзолите, но по првпат ќе излезе за PC гејминг расата на 9 јануари. По двонеделна суша, низ која се провлекуваат насловите Yakuza: Like a Dragon, Dragon Ball Z: Kakarot, и Moons of Madness, PS4 сопствениците ќе бидат израдувани од Kingdom Hearts 3: Re Mind DLC – уште еден интересен додаток кој ветува да воведе забележителна свежина во KH3.

При крајот на месецот, ќе можете да пристапите на Втората Светска Војна од сосема нов агол и да ги искусите најмрачните времиња со Through the Darkest of Times – игра која би требало да ви се допадне доколку уживавте во Beholder и Papers, Please. Тука и таму, Pillars of Eternity 2: Deadfire ќе се префрли на конзолите, Rugby 20 ќе излезе за PC, PS4, XBO, а Journey to the Savage Planet е симпатична ко-оп авантура која ви дозволува, сами или со еден пријател да истражувате планета и да откриете на 30 целосно уникатни суштества и навидум непресушно множество од тајни.

Игри кои ќе излезат во јануари:

AO Tennis 2 [PC, PS4, XBO, Switch] – 9 јануари
Monster Hunter World: Iceborne DLC [PC] – 9 јануари
Ryu Ga Gotoku 7 (Yakuza: Like a Dragon) [PS4] (Japan) – 16 јануари
Dragon Ball Z: Kakarot [PC, PS4, XBO] – 17 јануари
Moons of Madness [PS4, XBO] – 21 јануари
Final Fantasy Crystal Chronicles Remastered Edition [PS4, Switch] – 23 јануари
Kingdom Hearts 3: Re Mind DLC [PS4] – 23 јануари
Rugby 20 [PC, PS4, XBO] – 23 јануари
Journey to the Savage Planet (US) [PC, PS4, XBO] – 28 јануари
Pillars of Eternity 2: Deadfire [PS4, XBO] – 28 јануари
Sisters Royale [PS4, Switch] – 30 јануари
Through the Darkest of Times [PC] – 30 јануари
Journey to the Savage Planet (EU) [PC, PS4, XBO] – 31 јануари

Bubble Bobble 4 Friends [Switch] (US) – непознат датум во јануари
Oddworld: Stranger’s Wrath HD [Switch] – непознат датум во јануари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии