Игри кои ќе излезат во февруари

Февруари можеби е најкраток месец во годината, но тоа никако не значи дека нема да имате што да играте.

Месецот ќе биде започнат со Dawn of Fear, хорор игра која PS4 гејмерите ќе проба да ги исплаши на невообичаени начини, а и ќе пружи бројни можности за истражување и решавање загатки. Ден потоа, сите епизоди за Life is Strange 2 ќе излезат за конзолите, но доколку не ви се игра оваа трогателна авантура, би можеле да ја пробате тркачката игра Monster Energy Supercross 3 или, пак, интригантната стратегија на En Masse – The Dark Crystal: Age of Resistance Tactics. Во истиот ден излегува и The Sims 4: Tiny Living за конзолите. Овој додаток веќе некое време гостува кај PC гејмерите, но сега одлично се поставува со промоцијата на PS+ која бесплатно ја подарува основната The Sims 4 игра. Како последна поголема игра која излегува на 4 февруари е и долго очекуваната Zombie Army 4: Dead War. Претходните игри пружаат феноменална ко-оп забава со до четири играчи и едвај чекаме да провериме што нѝ носи четворката.

Два дена подоцна се резервираат местата за Switch игрите Knights and Bikes, KUNAI, и The Turing Test. Во втората недела на месецот, PS4 гејмерите конечно ќе можат да се вовлечат во акциониот петти продолжеток од Yakuza серијалот, а неколку дена подоцна, ќе можат и да си се почестат со Street Fighter V: Champion Edition. Darksiders Genesis се покажа како повеќе од одлична акциона hack and slash игра и, доколку имате конзола, дефинитивно препорачуваме да ја проверите играта. Во случај да Diablo клонови не се по ваш мерак, дружете се истиот ден со PS4 ексклузивата и еден од најочекуваните наслови во 2020 – Dreams. Како колекција од жанрови, Dreams се заканува значително да го размрда светот на гејмерите со уникатни механики за кои дефинитивно ќе зборуваме во некоја друга прилика. Во меѓувреме, погледнете го трејлерот!

Во третата недела, Hunt: Showdown конечно ќе излезе и за PS4, но и Devil May Cry 3: Special Edition, за Switch.

Ни последната недела од февруари нема да не остави разочарани, затоа што е недела на интересни платформски реиздавања. Па така, Kingdom Hearts III Re Mind, ќе излезе за Xbox One, a Two Point Hospital за сите конзоли. Metro Redux, пак, заедно со Samurai Shodown, ќе ги отворat портите за Switch гејмерите, а Romance of the Three Kingdoms XIV ќе излезе за PS4 и PC.

Кога ќе се земе се во предвид, Февруари тешко дека ќе разочара. Што ќе играте вие? Кажете нѝ во коментарите и на социјалните мрежи!

Сите игри кои ќе излезат во февруари:

Dawn of Fear (PlayStation 4) – 3 февруари
Life is Strange 2: Complete Season (PlayStation 4, Xbox One, PC) – 4 февруари
Monster Energy Supercross 3 (PlayStation 4, Xbox One, Switch, PC) – 4 февруари
The Dark Crystal: Age of Resistance Tactics (PlayStation 4, Xbox One, Switch, PC, Mac) – 4 февруари
The Sims 4: Tiny Living (PlayStation 4, Xbox One) – 4 февруари
Zombie Army 4: Dead War (PlayStation 4, Xbox One, PC) – 4 февруари
Granblue Fantasy Versus (PlayStation 4) – 6 февруари
Knights and Bikes (Switch) – 6 февруари
KUNAI (Switch, PC) – 6 февруари
The Turing Test (Switch) – 7 февруари
AO Tennis 2 (PlayStation 4, Xbox One, Switch) – 11 февруари
Yakuza 5 (PlayStation 4) – 11 февруари
Street Fighter V: Champion Edition (PlayStation 4, PC) – 14 февруари
Darksiders Genesis (PlayStation 4, Xbox One, Switch) – 14 февруари
Dreams (PlayStation 4) – 14 февруари
Hunt: Showdown (PlayStation 4) – 18 февруари
Devil May Cry 3: Special Edition (Switch) – 20 февруари
Kingdom Hearts III Re Mind (Xbox One) – 25 февруари
Mega Man Zero/ZX Legacy Collection (PlayStation 4, Xbox One, Switch, PC) – 25 февруари
Samurai Shodown (Switch) – 25 февруари
Two Point Hospital (PlayStation 4, Xbox One, Switch) – 25 февруари
Metro Redux (Switch) – 28 февруари
One Punch Man: A Hero Nobody Knows (PlayStation 4, Xbox One, PC) – 28 февруари
Romance of the Three Kingdoms XIV (PlayStation 4, PC) – 28 февруари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии