Игри кои ќе излезат во декември

2020 година е при крај. Со оглед на тоа каква беше, некако и не можеме да дочекаме да си замине. Пандемијата ги зафати сите сфери, неисклучувајќи ја и гејмерската индустрија. Најчеста ковид-предизвикана последица беше одложувањето на игрите. Една игра, меѓутоа, повеќе не се одложува и Cyberpunk конечно ќе излезе во декември. Но, што друго би може да заиграме во пресрет на новогодишната еуфорија?

Фановите на игри во епизоди и со реални последици кои зависат од вашите одлуки ќе можат да го започнат месецот со најновата авантура на Dontnod – Twin Mirror. Ова ќе биде првата игра на овој издавач која нема да биде во трето, туку во прво лице, а играчите ќе можат да играат во вистинскиот свет, но и да навлезат во умот на протагонистот. За Worms Rumble пак се зборува како следната голема и бесплатна-за-играње игра каде црвчињата нема да бидат ограничени од turn-based механиките, а и ќе позајмат трик-двеста од Battle Royale игрите.

Како една од најочекуваните игри за почетокот на декември е секако чедото на Ubisoft – Immortals Fenyx Rising. Многумина претпоставуваат дека Immortals ќе биде следното големо нешто од овој француски издавач и игра која ќе лансира десетици други по неа. Во отворен свет инспириран од грчката митологија ќе се качувате, јавате животно, лебдите со крилја и ќе решавате најразлични квестови. Онаму каде дипломатијата ќе потфрли, оружјата и боговските моќи ќе добијат предност.

Immortals Fenyx Rising има и втора цел, а тоа е да го олесни чекањето до играта која никако да биде дочекана. По низа неверојатно много одложување, Cyberpunk 2077 конечно излегува на 10 декември и ќе проба да го засени успехот кој им беше донесен на CD Project RED со The Witcher 3. Cyberpunk 2077 ветува да биде епско sci-fi патување кое со години ќе се зборува. Се очекува приказната да биде на подеднакво комплексно ниво, а битките уште по импресивни. Кијану Ривс е во играта, дали навистина мора да кажеме нешто повеќе?

Сите игри кои ќе излезат во декември:

  • Chronos: Before the Ashes [PC, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 1 декември
  • Empire of Sin [PC, PS4, XBO, Switch] – 1 декември
  • Twin Mirror: Lost On Arrival [PC, PS4, XBO] – 1 декември
  • Worms Rumble [PC, PS5, PS4] – 1 декември
  • Fortnite Chapter 2 Season 5 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 2 декември
  • Sam & Max Save the World Remastered [PC, Switch] – 2 декември
  • Death Tales [Switch] – 3 декември
  • El Hijo: A Wild West Tale [PC, Stadia] – 3 декември
  • Immortals Fenyx Rising [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 3 декември
  • Morbid: The Seven Acolytes [PC, PS4, XBO, Switch] – 3 декември
  • Phoenix Point: Year One Edition [PC] – 3 декември
  • Shiren the Wanderer: The Tower of Fortune and the Dice of Fate [PC] – 3 декември
  • Startup Panic [PC] – 3 декември
  • Taiko no Tatsujin: Rhythmic Adventure Pack [Switch] – 3 декември
  • Tinkertown [PC] – 3 декември
  • Commandos 2: HD Remaster [Switch] – 4 декември
  • DARQ: Complete Edition [PC, PS4, XBO] – 4 декември
  • Dragon Quest 11 S: Echoes of an Elusive Age – Definitive Edition [PC, PS4, XBO] – 4 декември
  • FIFA 21 [PS5, XSX] – 4 декември
  • Fitness Boxing 2: Rhythm & Exercise [Switch] – 4 декември
  • John Wick Hex [XBO, Switch] – 4 декември
  • Suzerain [PC] – Deceber 4 декември
  • Call of the Sea [PC, XSX, XBO] – 8 декември
  • Destiny 2 [PS5, XSX] – 8 декември
  • Puyo Puyo Tetris 2 [XSX, PS4, XBO, Switch] – 8 декември
  • Ryte: The Eye of Atlantis [PC VR] – 8 декември
  • Shakes on a Plane [PC, Switch] – 8 декември
  • Temtem [PS5] – 8 декември
  • Woodsalt [PC, Switch] – 9 декември
  • Animal Farm [PC] – 10 декември
  • Brigandine: The Legend of Runersia [PS4] – 10 декември
  • Cyberpunk 2077 [PC, PS4, XBO, Stadia] – 10 декември
  • Haven [PC, PS5, XSX, XBO] – 10 декември
  • Sword of the Necromancer [PC, PS4, XBO, Switch] – 10 декември
  • Medal of Honor: Above and Beyond [PC VR] – 11 декември
  • Collection of SaGa Final Fantasy Legend [Switch] – 15 декември
  • GTA Online: The Cayo Perico Heist [PC, PS4, XBO] – 15 декември
  • MXGP 2020 [PC, PS4, XBO] – 16 декември
  • Override 2: Super Mech League [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 22 декември
  • The Binding of Isaac: Repentance DLC [PC] – 31 декември

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии