Во април, Xbox One ќе ја добие критички-признаената Hellblade: Senua’s Sacrifice, а сопствениците на PS4 конечно ќе можат да ја заиграат God of War. Yakuza 6: The Song of Life исто така се заканува да ги стопли срцата на PS4 гејмерите, а PC фановите на стратешко планирање и војување ќе ја добијат исклузивната можност да ја проверат Total War Saga: Thrones of Britannia. Од некоја причина, за 24.април се планира излегување на најмалку осум игри, од кои, Frostpunk се истакнува како интересна симулација за управување со градови. На 25.април, пак, очекувајте ја Souls-инспирираната Sinner: Sacrifice for Redemption, интересна игра која ќе проба да ги тестира вашите способности само со предизвикувачки босови.

Ова се игрите кои ќе излезат во април, за PC, PS4, Xbox One и Nintendo Switch:

Penny-Punching Princess – (Switch, PS Vita) – 3.април


Плаќајте на непријателите да се борат со вас, активирајте смртоности стапици и собирајте богатство за да си го вратите вашето кралство.

Minit – (PC, PS4, Xbox One, Linux, Mac) – 3.април


Ретро-инспирирана авантура која се игра во кратки, временски дози, од по шеесет секунди. Откривајте тајни, надмудрувајте непријатели и отстранете ја клетвата која става крај на секој ден по само една минута.

Dark Rose Valkyrie – (PC) – 10.април


Акциона RPG игра со борби во реално време и приказна во форматот на визуелна новела.

Extinction – (PC, PS4, Xbox One) – 10.април


Како еден од последните воини, користете уникатни вештини, брзина и сила за да се спротиставите на незапирливите бранови од Ravenii и спречете ја навидум неизбежната судбина – истребување!

Regalia: Of Men And Monarchs – (PS4, Xbox One, Switch) – 10.април


Симпатична игра во стилот на JRPG игрите

Maelstrom – (PC) – 11.април


Вдахнете нова љубов кон пиратскиот живот така што ќе се спротиставите на непријателот со три различни војни бродови и користење најразлична муниција.

Hellblade: Senua’s Sacrifice – (Xbox One) – 11.април


Една од нашите најдобри игри со женски ликови ќе ги почести и XBox One гејмерите.

Rogue Aces – (PS4, Xbox One, Switch) – 12.април


Авиончиња во ситно, но експлозивно пакување!

Yakuza 6: The Song of Life – (PS4) – 17.април


Дознајте на што се спремни луѓето за нивното семејство и ставете крај на исклучително мрачни настани.

Total War Saga: Thrones of Britannia – (PC) – 19.април


Се ветува одличен баланс на кампања со запазување редови и имплементирање војни тактики во реално време. Thrones of Britannia го нуди добро-познатиот моќен гејмплеј, но фокусиран на одреден момент.

God of War – (PS4) – 20.април


Се во оваа игра ветува да биде на епско ниво. Особено троловите (види видео).

Nintendo Labo Variety Kit и Robot Kit – (Nintendo Switch) – 20.април


Исклучително интересен експеримент каде градите најразличи работи во кои ја вметнувате вашата Nintendo Switch направа.

Adventure Time: Pirates of the Enchiridion – (PC, Switch, PS4, Xbox One) – 24.април


Гејмплеј приказот точно ќе ви каже дали е ова игра за вас.

Frostpunk – (PC) – 24.април


Од креаторите на трогателната This War of Mine, доаѓа  алтернативно доба каде 19 век е всушност крајот на цивилизацијата, а на вас се остава да управувате со град во екстремни услови, да собирате драгоцени ресурси и да го обликувате преостанатото општество онака како што мислите дека е најдобро.

Gal*Gun 2 – (Switch, PS4) – 24.април


Игра која не би требало да ја играте на работа. Или било каде.

South Park: The Fractured But Whole – (Switch) – 24.април


Битката за сотрување на криминалот започнува и завршува со вас. И со многу, откачени и ненормални работи за кои не се осмелуваме нити да ги споменеме.

Darkest Dungeon: Ancestral Edition – (PS4, Switch) – 24.април


Феноменалната игра доаѓа во еден пакет, заедно со двета додатоци, The Crimson Court и The Shieldbreaker.

The Swords Of Ditto – (PS4, PC) – 24.април


Невообичаена акциона RPG игра каде истражувате бројни зандани, собирате плен и вршите корисни надградби во шаренолико село, сами или со ко-оп пријател.

Runbow – (PS4) – 24.април


Мултиплеерско лудило во најчиста форма, со тони режими за до девет играчи онлајн или четири играчи локално. Згора на тоа, огромна авантура за еден играч.

Rick And Morty Simulator: Virtual Rick-Ality – (PS4, PC) – 24.април


Сувопарниот хумор од телевизиското шоу се преселува во вашата HTC Vive and Oculus + Touch направа.

Super Robot Wars X – (PS4, PS Vita) – 26.април


Од Bandai Namco доаѓа RPG игра која највеќе ќе им се допадне на анима фанатиците.

Sinner: Sacrifice for Redemption – (PC, PS4, Xbox One) – 25.април


Пред секоја битка со босовите мора да си наметнете некаков хендикеп. Од тука името Sacrifice.

Koja e вашата најочекувана игра за април? Која се осмеливме да пропуштиме? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи!

1 коментар на “Игри кои ќе излезат во април

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии